Istok Press http://istokpress.mk Најдобри вести од Истокпресс Sun, 05 Feb 2023 13:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.6.25 НИЕ И ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА: СО ФРУСТРАЦИИ НЕ СЕ ЛЕЧИ “ПОГРЕШНО ЗАКОПЧАНО КОПЧЕ”!? http://istokpress.mk/%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b8-%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%84%d1%80%d1%83%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/ http://istokpress.mk/%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b8-%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%84%d1%80%d1%83%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/#respond Sun, 05 Feb 2023 13:10:19 +0000 http://istokpress.mk/?p=12869 Човекот кој асветот го разбираше како поле за културен натпревар мегу народите, значи, априори интернационалист, најверојатно, се превртува во гробот после вчерашното, срамно, одбележување на 151 годишнината од своето раѓање, во вечнотио почивалиште на скопското кале, во црквата “Свети Спас”.

Гоце Делчев, идеологот на македонското револуционерно движење, уште повеќе, ќе мора да се ротира, во “Спомен куќата”, како што, на својата официјална страница, напишаа ПР- мајсторите на СДСМ. Се обидоа срамот да го избришат, но веќе беше доцна. Ниту овде, ниту во Софија, веќе не функционира по “системата”: ”тази дупка не  дупка”!

Или, барем, би требало да биде така, како што: храбро, достоинствено, чесно, одговорно и добронамерно, се обиде тоа на бугарските граѓани, преку нивниот национален сервис, да им го објасни кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Кога на кошулата, погрешно ќе го закопчаш првото копче (Гете), тогаш сите наредни, ќе бидат погрешно закопчани!
Да не го навредуваме бугарскиот народ, тој е систематски стигматизиран и парцијално, според политички потреби, инструиран. Но, бугарските власти, ако се исклучи кратскиот период на Георги Димитров, децении и векови наназад, секогаш, ја одбирале полесната патека, која, понекогаш, може да биде стрмна, но и СРАМНА.

Во однос на Македонија и Македонците, официјална Софија, секогаш настопувала и настојува да изигрува поголе брат, кој може помалиот да го тегне за уши, а тој не смее да рече, ниту, доста ми помагаш брате!
Софија, со голема уста пее како сака ние да влеземе во ЕУ, а на секаков начин не спречува во тоа. Максо, синоќа, им кажа дека најголемиот профитер од Македонија во ЕУ, ќе биде токму Бугарија. Затоа што е поголема нација, затоа што е поголем пазар. Има многу затоа, но…!?
Ништо, освен историски фрустрации, нема зад таквото поведение на официјална Софија. Какви “трети страни”, какви Руси, какви бакрачи. Ако ги има, Пендаровски и Ковачевски треба да гис тават на маса, пред јавноста.
А, дека во Софија има такви влијанија, тоа се гледа и од “сaмолетот”. Токму поради проруските влијанија и опворени партиски заложби на конкретни политички субјекти, повторуваат избори “секоја месечина”, а на можат да состават влада!?

Дали Македонците ги мразат Бугарите. Апсолутно не.

Бугарите се мразат, односно самите работаат на својата штета. Инцидентот во Охрид, со тој опскурен лик Пендиков, кого официјална Софија го подигна на ниво на свето лице, е најдобриот пример за тоа. Самите се заплеткаа во еден бизарен случај, за што им се смее светот. Пендиков дури и да се чувствувал како Бугарин, е тепан од уште поголем Бугарин од него, барем во формална смисла.

Зарем Пендиков и омразата од Македоне е најгорливиот проблем за Бугарија, за официјална Софија да испрати смешна порака до светот, со чинот на изгласувањето на Декларација за Македонија, на пет минути пред распуштањето на нивното национално собрание,

Зарем Македонците ја измислија крилатицата: ”ќе те растурам како бугарска скупштина”? Зарем Македонците од оваa страна им изгласаа во Собранието пакт со фашистичка Гетрманија. Зарем Македонците од оваа страна ги држеа коските на Делчев половина век во дисаѓи!?

Тоa се тие фрустрации, со кои официјална Софија тренира строгост кон Македонија и Македонците. Бугарското општество е толку затруено, што официјалните ставови на “столицата”, во парламентот добиваат апсолутна поддршка!
На прашањето на Максо, зошто бугарскиот фашистички режим, ако веќе толку ги сакал Македонците и Македонија, не ја “администрирал!” цела, туку само до Групчин, како што вели мојот колега и се надевам, сеуште пријател, Коста, Костадин Филипов, поранешен дописник на БТВ од Скопје. И додава: од таму натака беа италијанските окупатори!?
А, бе Коста, како тие биле окупатори и бугарската солдатеска била администратор? Те нели, Хитлер, како подарок, ви ги даде одвоените дела, само затоа што му бевте сојузници?

Драг Коста, не постои Македонец што тебе те мрази, само затоа што си Бугарин. Ти си бил во Македонија и мојот Охрид, стотици пати. Дали некој те чепнал? Во Охрид летово, како туристи, престојуваа илјадници Бугари. Дали си чул дека некој ги чепнал, ги удрил, им прошкабал по возилата?

“Њама такави” Коста! Ние ве сакаме. Оставате тука пари, како што Македонците оставаат на Черното море, во Сандански, или Помпорово. И Максо тоа ти го кажа. В очи, пред целата бугарска јавност.

Манифестацијата што јас ја водам – Балканскиот поетски камп “Ванчо Николески”, изминатата година помина под знакот на учесниците и учесничките од Бугарија. Тие ми ја воздигнаа, јас им возвратив, како на вистински браќа и сестри. Дали ти самиот, ме носиш во лош спомен, од времето на другарувањето во Скопје, во мојот кабинет и по скопските “заведенија”?

На официјална Софија се некој друг и е виновен. За Бледскиот договор, те дал согласност, те го раскинал Сталин. Еми, вие “предвте во иста дупка” со Сталин, не ние? За Коските на Гоце, бил виновен некој, кој “втази част”, имал влијание на власта во Софија!

Не бе Коста. Не ги чуваше власта коските на Гоце. Ги чуваа здруженијата на Македонците таму. Ако ги чуваше власта, или ќе ги погребеше како на херој, или, ќе ги запалеше во пламен и динамит, како што вие таму го дигнавте во воздух монуманеот – Мавзолејот на Георги Димитров. И тоа во вториот, или гтретиот обид, бил бетонот многу цврсто поставен!?

Ние ли од оваа страна, ви изградивме така цврст монумент!?
Драг Коста. Се додека вашите “политици”, особено во предизборие ( кое кај вас постана континуитет!), печалат гласови во Македонија, со провокации и навреди, се дотогаш, ќе барате да ве сакаме по секоја цена, да ни ја толчeте главата, а ние, дури, да не смееме да извикаме: немој, бате Коста, толку да ме сакаш!!!

Веле Митаноски

]]>
http://istokpress.mk/%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b8-%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%84%d1%80%d1%83%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/feed/ 0
Киноверзум ќе им овозможи на штипјани да гледаат филмови преку најквалитетен ласерски проектор и на најголемо филмско платно http://istokpress.mk/%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b7%d1%83%d0%bc-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%bc-%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8/ http://istokpress.mk/%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b7%d1%83%d0%bc-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%bc-%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8/#respond Sat, 04 Feb 2023 15:30:29 +0000 http://istokpress.mk/?p=12864 Свети Николе, 04.02.2023

Во Штип постои голем интерес за најавеното отворање на кино за што пред извесно време е потпишан договор помеѓу Киноверзум од Свети Николе и Општина Штип.

Денес во Свети Николе ни беше потврдено дека Киноверзум, со намера на штипјани да им овозможи најдобро филмско искуство, има нарачано најквалитетна и најсовремена опрема-ласерски проектор „Барко“ од најновата генерација но и JBL и професионално озвучување за кино салата.

Киноверзум во Штип ќе го има најголемото филмско платно во едно кино во државата со должина од 11 и широчина од 4,5 метри, салата ќе има најквалитетно озвучување, а во целиот овој проект Киноверзум вложува околу 100.000 евра.

-Во Штип Киноверзум ќе го има и најголемото филмско платно досега со должина од 11 метри и широчина од 4,5 метри. Платното е 3D ready и го покрива целиот ѕид на салата овозможувајки максимално доживување на филмот како 2К резолуција, ни рекоа од Киноверзум.

Се работи за мошне деликатна опрема која ја нема на лагер и се набавува по пат на нарачка. Од денот на нарачката на опремата потребно е да поминат 120 дена до финалната инсталација. Затоа опремата за киното во Штип Киноверзума ја има   нарачано уште во текот на минатата година.

Од Киноверзум кој му даде нов живот на киното во Македонија, а во Свети Николе и во Велес, во тамошните кина ја обезбеди најновата филмска продукција, велат дека опремата за Штип треба да пристигне за 60 дена кога и ќе биде инсталирана во мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“.

-Ние наголемо работиме во подготовка на кино салата во Штип. Бојата е прилагодена за филмски проекции, за скоро време ќе ги монтираме и фотелјите кои ќе бидат мошне удобни за гледачите, а веќе е готов и проектот за продажниот пункт, информираат од Киноверзум.

На влезот од секое од кината со знакот на Киноверзум се инсталираат оскари дело на академскиот вајар Далибор Николовски-Дачо. Оскарите за киното во Штип се изработени и чекаат на свеченото отворање на киното.

Целокупната инвестиција на Киноверзум во киното во Штип изнесува околу 100.000 евра.

]]>
http://istokpress.mk/%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b7%d1%83%d0%bc-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%bc-%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8/feed/ 0
ШТИП: Што станува и зошто не се гради геомагнетната опсерваторија на Плачковица? http://istokpress.mk/%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b8-%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b3%d0%b5/ http://istokpress.mk/%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b8-%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b3%d0%b5/#respond Fri, 03 Feb 2023 16:41:18 +0000 http://istokpress.mk/?p=12861 Штип, 03.02.2023

Пред точно 20 години (2003 година) на тогашниот Рударско геолошки факултет (четири години пред стартот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во 2007 година) беше најавена изградбата на првата геомагнетна опсерваторија во државата. Тогашниот ректор проф.д-р Тодор Делипетров во изјава за регионалниот весник „Исток“ тогаш рече дека нашата држава била една од ретките во која, по распадот на СФРЈ не се мереле геомагнетните зрачење.

-Поради ова граѓаните пред се, а потоа и други витални служби во државата остануваат посиромашни за важни информациикои би им биле од повеќекратна помош“, изјави тогаш за весникот деканот Делипетров.

Според тогашниот проект опсерваторијата требаше да се гради во подножјето на планината Плачковица, во близина на археолошкиот локалитет Баргала за што Факултето добил на располагање 100 хектари државно земјиште. Но и денес, две децении потоа, од градбата остана само фундаментот. Сепак, добрата вест е таа што активности не беа престанатиа до 2010 година, редовно се вршени мерења на поставените мерни точки и се изработувани карти за елементите на геомагнетното поле.

На местото на кое денес требаше да постои геомагнетната опсерваторија, во подножјето на Плачковица во близина на археолошкиот локалитет „Баргала“ може да се види само фундаментот. Модерните инструменти се сместени во Конгресниот центар на УГД на планината Плачковица, но „тоа не е тоа“. Последниве десет години Универзитетот барал од надлежните министерства и Владата финансиски средства за реализацијата на овој важен проект, но до сега позитивен резултат нема.

-Тоа беше можно бидејќи по иницијатива на Катедрата за геологија и геофизика, се постави првата мрежа на геомагнетни мерни точки за мерење на геомагнетното поле на територијата на Република Македонија. Мрежата е составена од 15 точки, кои ја покриваат целата територија на државата и сите поставени на локации кои ги исполнуваат стандардите на Интермагнет (INTERMAGNET – the global network of observatories, monitoring the Earth’s magnetic field). До 2006 година се одржаа обуки за мерење на геомагнетното поле, при што поголем број на соодветни стручни лица се здобија за сертификати за завршена обука за изведување на геомагнетни мерења. Стручните лица, односно асистентите од Рударско – геолошкиот факултет, кои ја спроведуваа обуката, во текот на 2004 година беа на стручно усовршување во Кралска опсерваторија, Геомагнетна опсерваторија во Дурбс, Белгија и во Централниот институт за метеорологија и геодинамика во Виена, Австрија, ни изјави проф.д-р Дејан Мираковски, актуелен ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, поранешен професор на Рударско-геолошкиот факултет.

Бидејќи сеуште немало доволно финансиски средства, а градежните работи на опсерваторијта застанале уште при поставувањето на темелите, мерните иснтрументи биле сместени во Конгресниот центар на УГД на Плачковица (поранешно детско одморалиште) каде и денес стојат и ја вршат својата функција. Инструментите биле набавени во рамките на Темпус проектот „Геомагнетни мерења и стандарди за квалитет“ кој се реализирал во периодот 2003 – 2006 година на Катедрата за геологија и геофизика при тогашниот Рударско – геолошки факултет..

– Треба да се знае и тоа дека во Конгресниот центар на УГД, каде што работи вариометарот, има и други мерни инструменти. Поставен е сеизмометар кој ги регистрира земјотресите, не само во нашата држава, туку и пошироко. Исто така, поставен е инструмент за мерење на Шумановата фреквенција од 7.8 Hz, што всушност е сопствената фреквенција на Земјата. Оваа фреквенција е многу значајна за здравјето на луѓето и останатиот жив свет. Овие мерења се единствени на Балканот и се вршат од 2013 година. Се следи и космичкото зрачење, вели ректорот Мираковски и додава дека засега податоците кои се добиваат од нив се користат само за научни цели.

Но, опсерваторијата не е комплетна ако ја нема својата посебна зграда во која можат да се сместат сите најсовремени инструменти. Од УГД велат дека последната деценија неколку пати го иницирале барањето до ресорните  министерства и до Владата за добивање на средства за изградба на опсерваторијата но позитивен одговор до денес нема.

-Ние на Универзитетот се надваме дека во блиска иднина конечно ќе се реализираат  децениските заложби да проработи нашата геомагнетна станица во полн капацитет и по сите светски стандарди како дел од глобалното семејство на Интермагнет, порачува ректорот Мираковски.

Пред две децении тогашниот декан Делипетров рече дека геомагнетните полиња имаат битно значење на нашето општо расположение.

-Во услови на геомагнетни бури човек се чувствува лошо. Не му е до ништо, апатичен е на се, дури му е тешко и да мисли па во таква ситуација човек се прашува што му се случува.Покрај ова сознанијата за геомагнетните зрачење ќе му помогнат и на авиосообраќајот во нашата држава. Имено, сите светски аеродроми имаат посебни места на кои строго е определено геомагнетното поле и на кои места авионите ги тестираат уреди за навигација. Во услови на геомагнетни бури авионот може да ја изгуби насоката на летање, а опсерваторијата ќе ги извести нашите аеродроми во Скопје и во Охрид за местата на кои тие ќе си ги тестираат уредите, рече тогаш Делипетров.

]]>
http://istokpress.mk/%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b8-%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b3%d0%b5/feed/ 0
Светот го одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот http://istokpress.mk/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4/ http://istokpress.mk/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4/#respond Fri, 27 Jan 2023 20:50:41 +0000 http://istokpress.mk/?p=12857 Шест милиони Евреи беа систематски убиени од нацистите во текот на Втората светска војна, а заедно со нив и други етнички групи беа исто така цел на нацистите поради перцепираната расна и биолошка инфериорност, вклучувајќи ги Ромите, инвалидите, хомосексуалците и советските воени затвореници.

27 Јануари е Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот, којшто како датум е избран затоа што го одбележува денот во 1945 година, кога најголемиот концентрационен логор на смртта во нацистичка Германија – Аушвиц беше ослободен од советските сили и беа откриени ужасите кои ги спроведувале нацистите во него.

По тој повод, во земјава денеска беше отворена специјалната изложба посветена на групата Ладош, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје. На отворањето на изложбата денеска присуствуваа министри, претставници на дипломатскиот кор и на верските заедници во земјава.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби потенцира дека не смееме во ниту еден момент да заборавиме на одговорноста што ја имаме, да се потсетиме на минатото и да ги учиме и да ги освестиме нашите деца да бидат мирољубиви, да ги почитуваат меѓусебните културни вредности и да не дозволиме предрасудите да ни ги затемнуваат нашите животни погледи.

„Тоа што им се случи на Евреите никогаш повеќе не смее да се повтори! Ние, како политички партии, медиуми, граѓанско општество, секој ден мора да имаме единствена мисија: мир и напредок. Мирот и напредокот не можат да се постигнат со војна, со омраза, со деструктивни идеи што го заматуваат човечкиот разум, со тесноградни интереси, рече Груби.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот.

„На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција. Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат“, порача Ковачевски.

Ковачевски додаде дека нашата цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Република Северна Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство.

]]>
http://istokpress.mk/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4/feed/ 0
Студентите што земаа пониски стипендии добиваат покачување http://istokpress.mk/%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4/ http://istokpress.mk/%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4/#respond Fri, 27 Jan 2023 20:47:19 +0000 http://istokpress.mk/?p=12854 Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти ќе земаат стипендија во висина од 6.050 денари, информираше Министерството за образование и наука (МОН).

Студентите корисници на оваа категорија стипендии во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право, додаваат од МОН.

Одлуката да се изедначат стипендиите за овие студенти следува по утврдената индиректна дискриминација од страна на Комисијата спречување и заштита од дискриминација, откако МОН во 2021 година ги покачи износите на стипендиите на 6.050 денари, но само за тие што ќе аплицираат на новиот конкурс, додека студентите што правото на стипендија го оствариле пред 2021 година, продолжија да ги земаат старите и пониски суми.

Мета.мк во неколку наврати пишуваше за овој проблем, а студентите поднесоа и онлајн петиција која собра над 8.000 потписи. Покачување на стипендиите се очекува да има и за учениците во средните училишта кои беа оштетени на ист начин.

]]>
http://istokpress.mk/%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4/feed/ 0
ШТИП: Ноќ на акцијашки емоции http://istokpress.mk/%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d0%bd%d0%be%d1%9c-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%88%d0%ba%d0%b8-%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%86%d0%b8%d0%b8/ http://istokpress.mk/%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d0%bd%d0%be%d1%9c-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%88%d0%ba%d0%b8-%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%86%d0%b8%d0%b8/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:39:17 +0000 http://istokpress.mk/?p=12849 Штип, 26.01.2023

Стотина поранешни акцијаши од Штип, денес акцијаши-волонтери синоќа ја исполнија малата сала во Домот на култура „Ацо Шопов“ со прекрасни емоции низ сеќавањата на својата младост и времето кога со доброволни работни акции се градеше татковината. Настанот беше во организација на Здружението на акцијаши волонтери „Пат на младоста“.

Некогашните младинци, денес луѓе во зрели години, добар дел и пензионери, си дадоа отчет за работата во изминатите четири години и ја усвоија програмата за наредните неколку години. На настанот присуствуваа и акцијаши од Велес, Скопје и некои други места.

„На Младинската работна акција „Плачковица 1975-1978“ кога го градевме патот од Карбинци до планината, учествуваа над 3.000 младинци-акцијаши од цела  бивша Југославија. Работевме со силен ентусијазам под мотото „Ние го градиме патот – патот не гради нас“. Беа тоа моменти кои не се забораваат, рече Никола Кангалов, претседател на здружението „Патот на младоста“.

А за нештата да не заминат во заборав се погрижи Тодор Кралев, командант на МРА „Плачковица 1975-1978“ кој младешкиот ентусијазам и посветеноста на напредокот на татковината го остави за навек во книга посветена на овој голем настан.

Кангалов напомна дека во последно време на нивното здружение и се приклучуваат многу млади луѓе што е резултат и на промоцијата која членови на ова здружение ја вршат меѓу младите, пред се во училиштата.

Според првиот човек на „Патот на младоста“ штипските акцијаши покрај во изградбата на патото до Плачковица, учествувале и во многу младински работни акции на просторот од поранешна Југославија. А денес, кога се во некои средни години акцијашите спроведуваат акции пред се од еколошка природа.

Од настанот беше испратена порака до младите помасовно да се приклучат кон доброволни волонтерски акции зашто тоа носи многу доблести и чувство дека се направило нешто корисно и добро за својата заедница.

]]>
http://istokpress.mk/%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d0%bd%d0%be%d1%9c-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%88%d0%ba%d0%b8-%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%86%d0%b8%d0%b8/feed/ 0
„Мајкрософт“ ќе инвестира милијарди долари во компанијата која го создаде ChatGPT http://istokpress.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%98%d0%ba%d1%80%d0%be%d1%81%d0%be%d1%84%d1%82-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%80%d0%b4/ http://istokpress.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%98%d0%ba%d1%80%d0%be%d1%81%d0%be%d1%84%d1%82-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%80%d0%b4/#respond Tue, 24 Jan 2023 20:01:16 +0000 http://istokpress.mk/?p=12844 „Мајкрософт“ најави дека во текот на наредните неколку години ќе инвестира повеќе милијарди американски долари во вештачка интелигенција, додека го проширува партнерството со „ОпенАИ“, пренесе Би-би-си.

„ОпенАИ“ е креатор на чет-ботот ChatGPT и популарната алатка за генерирање слики Dall-E.

Претходно, во 2019 година „Мајкрософт“ инвестираше една милијарда долари во компанијата основана од инвеститорот Сем Алтман и милијардерот Илон Маск.

„Мајкрософт“ неодамна најави дека планира да отпушти околу 10.000 работници, но од компанијата велат дека сепак ќе продолжат со вработување во клучните стратешки области.

Во меморандум споделен со персоналот минатата недела, извршниот директор Сатја Надела напишал дека „се раѓа следниот голем бран на компјутерство, со напредок во вештачката интелигенција“.

Објавувајќи го продолженото партнерство со „ОпенАИ“, од „Мајкрософт“ велат дека веруваат оти вештачката интелигенција ќе има влијание на големината на персоналниот компјутер, интернетот, мобилните уреди и клауд-платформите.

Инаку, технологијата зад ChatGPT ја следат шпекулации за потенцијална злоупотреба, преку помагање на студентите да мамат на испитите и пишување малициозни софтвери, но сè погласни се и сугестиите дека технологијата има потенцијал да направи револуција во многу индустрии, вклучително и пребарувањето на интернет.

„Њујорк Тајмс“ претходно објави дека Гугл го крена алармот поради стравувањата дека технологијата може да им овозможи на конкурентите да влезат во бизнисот на пребарување вреден 149 милијарди долари.

„Мајкрософт“ го поседува пребарувачот Бинг, кој, иако заостанува зад Гугл, би можел со помош на ChatGPT да претставува сериозна закана за лидерот во индустријата на пребарување.

]]>
http://istokpress.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%98%d0%ba%d1%80%d0%be%d1%81%d0%be%d1%84%d1%82-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%80%d0%b4/feed/ 0
Џафери очекува текстот за уставните измени да е готов до почеток на летото, седница да има до септември http://istokpress.mk/%d1%9f%d0%b0%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%be%d1%87%d0%b5%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%81%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8/ http://istokpress.mk/%d1%9f%d0%b0%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%be%d1%87%d0%b5%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%81%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8/#respond Tue, 24 Jan 2023 19:56:42 +0000 http://istokpress.mk/?p=12841 Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува предлог-текстот за измените на Уставот на РСМ да се изготви до почетокот на летото, додека дискусијата за утврдените предлог-измени на Уставот очекува да започне на собраниска седница во септември, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик. На тој начин, вели Џафери, евентуалното донесување на уставните измени би можело да се поклопи со рокот во ноември, кога треба да заврши европскиот скрининг.

Парламентарниот спикер вели дека крајните рокови за формирање на текстот на предлог-измените на Уставот, со кои ќе се вметнат Бугарите во Преамбулата може да биде во летните месеци, односно во јуни или јули, по што е потребно да помине најмалку еден месец за неговото усогласување, за веќе во септември да се отвори јавна дебата на собраниска седница.

Џафери додава дека евентуално одржување на предвремени парламентарни избори не може да биде излез од постојната ситуација, бидејќи изборите може само да ги искомплицираат работите и тие нема да го решат проблемот со обезбедување на двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници, за да се усвојат уставните измени.

]]>
http://istokpress.mk/%d1%9f%d0%b0%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%be%d1%87%d0%b5%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%81%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8/feed/ 0
СЕ ОТВОРА НОВА dm ДРОГЕРИЈА ВО ШТИП CITY MALL! http://istokpress.mk/%d1%81%d0%b5-%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-dm-%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-city-mall/ http://istokpress.mk/%d1%81%d0%b5-%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-dm-%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-city-mall/#respond Tue, 24 Jan 2023 17:09:07 +0000 http://istokpress.mk/?p=12835 Штип, 24.01.2024

  • Големи попусти и изненадувања по повод отворањето на втората дрогерија во Штип!

Во четврток, 26 јануари, во 10 часот наутро ќе се отворат вратите на втората dm дрогерија во Штип CITY MALL, на улица ,,Д-р Слободан Јовановски’’ бр.2.

На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:

 -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ, па и на веќе намалените производи

До -50% на одредени парфеми, шминки и подарок сетови (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ!)

До –35% на одредени органски производи  (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ!)

Речиси  4.700 dm марка производи со германски квалитет по супер цени

Подароци: Со секоја сметка над 500 денари добивате подарок Balea гел за туширање

Покрај големите попусти кои ќе траат 4 дена (26.1-29.1.2023), на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ.

Како секое отворање на нова dm дрогерија е оплеменето и со хуманитарна активност, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ЈЗУ Здравствен дом ,,д-р Панче Караѓозов‘‘- Штип.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 400,1 m2, од кои 334,64 m2 продажен простор, а 41,80 m2 магацински простор, како и 23,66 m2 помошен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде: понеделник до сабота од 10 до 22 часот, а недела од 10 до 20 часот.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 23 продажни објекти, од кои 13 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга и два продажни објекта во Штип.

]]>
http://istokpress.mk/%d1%81%d0%b5-%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-dm-%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-city-mall/feed/ 0
ЖAН МИТРЕВ: Странските амбасади да го следат судскиот процес против мене и болницата http://istokpress.mk/%d0%b6a%d0%bd-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b2-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d1%81%d0%bb/ http://istokpress.mk/%d0%b6a%d0%bd-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b2-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d1%81%d0%bb/#respond Tue, 24 Jan 2023 14:52:57 +0000 http://istokpress.mk/?p=12832 Скопје, 24.01.2023
Доктор Жан Митрев и неговата клиничка болница која го носи неговото име, со писма се обратија до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против него и клиниката.
Доктор Митрев, покрај информирањето со писмото за настанот, упати повик за нивно следење на судскиот процес против него и неговата клиника, и да извршат мониторинг на тоа како се одвива целата истражна постапка заедно со основаноста на обвинението.
„Ова е неопходно поради досегашното површно следење на постапката“, напишаа од болницата.
„Ви се обраќам со намера да ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење, во перцепирањето на здравствената професија и случај што претендира да воведе лоша пракса во правосудниот систем во државата. Ваквите примери можеби се ретки, но и како такви може да предизвикаат штета со далекусежни последици”, стои во писмото до амбасадите и европското претставништво.
Митрев во писмото тврди дека болницата постигнала високи резултати во лекувањето на ковид-19, но и покрај тоа неговото име и дело, како што вели, се предмет на истрага која  се спроведува површно без да се навлезе во суштината.

]]>
http://istokpress.mk/%d0%b6a%d0%bd-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b2-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d1%81%d0%bb/feed/ 0