Kнигата „На мој начин“ од Јордан Ѓорчев, капитално дело во македонската карикатура

Свети Николе, 03.11.2020

Јордан Ѓорчев
Јордан Ѓорчев

Деновиве од печат излезе книгата карикатури под наслов „На мој начин“ на авторот проф.д-р Јордан Ѓорчев, карикатурист, писател и поет, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Никола-Битола.

-Во книгата имам поместено 300 карикатури работени на актулни теми во текот на минатата и оваа година. Текстот во книгата е тројазичен, на македонски, руски и англиски јазик, а печатена е во 500 примероци, вели авторот Ѓорчев.

Карикатурите се објавувани на фан пејџот на Ѓорчев и на инстаграм, а на фан пејџот авторот има над 66.000 следбеници од цел свет.

Издавач на ова капитално дело во македонската литература и посебно карикатура е Меѓународниот центар за славјанска просвета, а за издавачот стои потписот на Михаела Ѓорчева, преводот на руски јазик е на Елена Златева, на англиски јазик преводот е дело на Катерина Видова, графичката обработка на карикатурите е на  Роберт Мартиновски и Адриано Панајотов додека дизајнот и компјутерската обработка се на  Адриано Панајотов и Благој Митев. Книгата е печатена во Јофи-скен во Скопје.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе