KOЧАНИ: Андреј Киров – в.д. директор на КЈП „Водовод“

Кочани, 25.12.2017

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска го потпиша решението со кое Андреј Киров е именуван за вршител на должноста директор на КЈП „Водовод“ – Кочани. Неговиот мандат ќе трае до именување директор по распишан конкурс, не подолго од шест месеца.

На распишаниот јавен конкурс за избор на директор на Комуналното претпријатие „Водовод“ во ноември оваа година, не беше избран директор. Tројцата кандидати  неги исполнуваа условите, по што градоначалникот Илијев постаписогласно Законот за јавни претпријатија и именува вршител на должноста директор.

Андреј Киров е вработен во КЈП „Водовод“ на работното место советник за план и анализа, а го наследува Љупчо Папазов кој непрекинато раководеше со кочанското комунално претпријатие од април 2009 г.

(љ.а)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе