KOЧАНИ: Локализиран пожарот на Осоговските Планини

Кочани, 09.08.2019

Пожарот што вчера избувна во подножјето на Осоговските Планини е локализиран и  ставен под контрола. Противпожарните екипи работaт на негова целосна елиминација.

Ова го соопшти Кризниот штаб, по одржаната координативна средба од местото на противпожарната интервенција, рано утринава.

Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од  Полицијата и Македонски шуми од Скопје, интервенираа непрекинато во текот на ноќта.

– Општина Кочани вчера побара налог од Дирекцијата за заштита и спасување за гасење на пожарот од воздух, па и покрај неговата локализација, постои можност и за таква интервенција – информира градоначалникот Николчо Илијев, како прв човек на Штабот за заштита и спасување.

Според првичните информации, опожарена е површина од 100 до 150 хектари, над селото Бели, до Браната Гратче и селото Црвена Нива.  Огнот зафати шума сè до селото Лешки.

За последиците од пожарот, Кризниот штаб ќе информира во текот на денот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе