KOЧАНИ: Пожарот ставен под контрола, помгна цела држава тврдат Заев и Илијев

Кочани, 03.08.2021

Девет лица и еден пожарникар имале потешкотии со дишењето поради вдишување чад, им била дадена лекарска помош и некои од нив се веќе се пуштени дома, а дел се во болница, од пожарот кој беснее околу Кочани и веќе навлезе во градот.

Ситуацијата со пожарот во Кочани е под контрола уверуваат премиерот Зоран Заев и градончаланикот на Кочани, Николчо Илијев. Пожарот го гасат екипите на противпожарните служби на Кочани, но и од Штип, Берово, Кавадарци, Скопје и другите околни места.

Илијев информира дека изгореле покриви на две куќи, а уште гори складот за дрва на ЈП „Македонски шуми“, а девет лица имале потешкотии со дишењето поради вдишување на чад, им била дадена лекарска помош и веќе се пуштени дома.

– Во овој момент не е најјасно како настанал пожарот, тоа не е ни најважно сега. Битно е да спречиме негово понатамошно ширење и да го изгасиме, информира Илијев.

– Пожарот во Кочани е локализиран благодарение на професионалноста на пожарникарите, на помошта која стига од целата држава и на солидарноста на граѓаните. Системот функционира, во текот на целиот ден безбедноста на граѓаните ни беше на прво место и до овој момент немаме лица со изгореници. Остануваме со министерот Филипче во Кочани цела ноќ, а во кумановско се веќе вицепремиерот Николовски и министерот Спасовски, рече Заев заедно со министерот Филипче цела ноќ ја поминаа во Кочани.

Тој најави помош утре наутро од соседите, откако претседателот Пендаровски се слушнал со претседателот на Бугарија Радев, а Заев разговарал со претседателот на Србија Вучиќ и со премиерот на Бугарија Јанев.

– Претседателот Вучиќ рече ќе испрати два, три или четири хеликоптери, а помош најави и бугарскиот претседател Румен Радев. Помошта е потребна не само тука во Кочани, туку и во други региони низ земјава имаме пожари кои поради силниот ветер огнот се шири. Таков е случајот во Македонски Брод и делот меѓу Делчево и Пехчево – рече премиерот Зоран Заев во Кочани каде вечерва пожарот кој стигна до градот но е ставен под контрола.

Состојбата будно се следи, нема паника, ситуацијата е под контрола, уверува Заев, а поголем дел од пожарите се локализирани.

Заев најави дека утре Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка, односно избор на фирма која ќе ги сервисира „канадерите“ кои сега не можат да се користат затоа што  не се сервисирани, бидејќи ситуацијата е итна и Бирото за јавни набавки ќе ја дозволи таквата набавка.

Филипче: Нема тешко повредени во пожарите

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва од Кочани изјави дека во пожарите нема повредени лица, во смисла на изгореници или тешки повреди, но, има околу десетина пациенти кои се јавиле во кочанската болница, кои биле примени паради тоа што вдишале чад.

– Четворица пациенти се пуштени дома, а петмина се задржани во болница и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе бидат испратени на домашно лекување. Ние го мобилизиравме целокупниот здравствен систем во сите здравствени домови и болници во околината. Со оглед на тоа што е време на летни одмори, телефонски ги контактиравме и докторите и медицинските сестри и сите се на „стенд бај“ и во Кочани и во здравствениот дом во Штип. Се надевам дека нема да има потреба за интервенција, рече Филипче.

Ангелов: Доколку биде потребно ќе прогласиме кризна состојба на дел или на цела територија на државата

За утре е закажана седница на групата за процена на која ќе биде разгледана сериозноста на ситуацијата со пожарите и доколку е потребно ќе биде предложено да се прогласи кризна состојба на дел од територијата или на целата територија на државата, изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов при посетата на Кочани.

Тој информира дела армискиот хеликоптер кој учествуавше во гаснење на пожарот кај Старо Нагоричане, немал доволно време да пристигне до Кочани поради недостаток на гориво.

– Армиски хеликоптер рано беше упатен во Старо Нагоричане, каде што имавме сериозен пожар. Хеликоптерот леташе до попладневните часови кога температурата достигна околу 40 степени, при што мораше да биде приземјен, бидејќи техничките карактеристики не дозволуваат тој да лета над 40 степени. Во меѓувреме се разви пожарот во Кочани, што на почетокот беше далеку од куќите. Ветрот што денеска беше изненадувачки силен, брзо го донесе во близина на куќите. Хеликоптерот немаше доволно време од Старо Нагоричане да пристигне до Кичево поради недостаток на гориво, истакна Ангелов .

Тој соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во разговор со претседателот Стево Пендаровски побарал итно да биде употребена Армијата со цел да помогне во гаснење на пожарот.

  • Итно беше дадена таква наредба, едноставно ги прескокнавме сите бирократски процедури и за кратко време на четири позиции беа упатени припадници на Армијата кои се на терен, додаде Ангелов.
  • (Извор: Независен весник)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе