KOЧАНИ: Со донаторска акција на Модната групација „ИНТ“ обезбедени пари за 40 таблети

Штип, 05.10.2020

Изминатиот викенд Модната групација „ИНТ“ организираше донаторска акција, при што во новоотворениот хотел „Сити ИН“ посетителите добиваа бесплатно кафе, со можност да донираат средства за купување таблети на учениците за следење на настава од далечина.
Донаторската акција со своето присуство ја поздравија и во неа учествуваа и претседателот на Владата Зоран Заев, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче, Љупчо Николовски, како и повеќемина фунционери и стопанственици. Модната групација „ИНТ“ упати благодарност до сите што учествуваа во донаторската акција, која беше реализирана според сите мерки за заштита и протоколи за организирање јавни настани.
Комисија за утврдување на собраните парични средства од реализираната донаторска акција денеска ја консатираше вкупната сума, кон која градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја додаде и половината од својата плата.
Наредниве денови, со собраните средства ќе се купат 40-ина таблети кои ќе бидат доделени на ученици што немаат можност да ја следат наставата од далечина.
Модната групација „ИНТ“ на почетокот на учебната година додели 12 илјади заштитни маски, по три за секој ученик во основното и во средното образование.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе