KOЧАНИ: Со поддршка на Пејпар Мил засадени 5.000 садници во Кочанско

Кочани, 23.О3.2022

Пејпар Мил се вклучи во пролетната акција на општина Кочани за зазеленување на Кочани со набавка на 5.000 садници на автохтони видови дрвца. Вчера со поддршка на општината и комуналното претпријатие, ученици од средните училишта и вработени од Пејпар Мил беа засадени садници на површина од 20.000м2, во непосредна близина на Кочани на патот кон Пониква.

pej01„По самата своја дејност – рециклирање на хартија и производство на хартија од отпадна хартија, Пејпар Мил е пријател на шумите. Потсетуваме дека еден тон рециклирана хартија заштедува 17 дрвја, и апелираме до граѓаните да ја рециклираат хартијата и да ги чуваат засадените дрвца. Како единствена фабрика за рециклирање на хартија во земјава, важно ни е да ги чуваме шумите и да работиме и живееме во здрава животна средина. Кочани е нашиот град и ни претставува задоволство што се вклучивме во оваа акција за зазеленување организирана од општината, со содејство на Македонски шуми. Би сакале овие акции да продолжат и во иднина односно да преминат во традиција. “ – изјави Игор Тасевски, Административен директор на Пејпар Мил.

На учесниците во вчерашната акција за зазеленување компанијата им подари маички.

Пејпар Мил е носител на заштитниот знак на Forest Stewardship Council® FSC. Сертификацијата со FSC гарантира дека продуктите доаѓаат од одговорно управувани шуми и придонесуваат за еколошки, социјален и економски бенефит, а критериумите на FSC даваат основа за сите стандарди за управување со шуми на глобално ниво. Пејпар Мил како единствен рециклатор на хартија во земјава со рециклирање на околу 15 илјади тони хартија годишно, е значајна алка во процесот на рециклирање на отпадна хартија, во остварувањето на националните цели за рециклирање и во синџирот на циркуларната економија во земјата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе