MИЛАНОВ: Градинките во Штип подготвени да ги примат децата

Штип, 07.09.2020

Јане Миланов,а заменик градоначалникот на Општина Штип,во придружба на  директорките на детските градинки „Астибо“ и Вера Циривири Трена“ извршија увид во последните подготовки пред приемот на деца.

Како што од порано е познато приемот на децата во градинките ќе започне од задутре, среда 9 септември, а целиот процес ќе се спроведува со посебни протоколи за заштита на здравјето пропишани од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

119030490_685930648680982_3388761378876431376_n„Извршивме увид во просториите на детските градинки кадешто од среда ќе ги посетуваат дечињата. Во моментот се врши дезинфекција на надворешниот дел од градинките од страна на Територијалната противпожарна единица со цел поголема заштита на децата и вработените во овие институции. Мој заклучок е дека штипските градинки квалитетно се подготвени од среда да ги примат децата,“ истакна Миланов.

До овој момент во детската градинка „Астибо“ има запишано 400 деца, а во детската градинка „Вера Циривири Трена“ околу 150 деца, а дополнително уписите се сеуште во тек.

Директорките на двете детски градинки истакнаа дека родителите мора да ги почитуваат протоколите коишто се објавени на нивните веб страни, а се пропишани од Министерството за здравство.