„OРФЕЈ“ за Јеремија Лазаревиќ за книгата „Филозофија“

Охрид, 21 август 2018

39834907_2145531462362843_3741093132461146112_n Годинашен добитник на наградата “Орфеј“, која се доделува за најдобра поетска книга, е поетот Јеремија Лазаревиќ од Белград, за книгата “Филозофија“ во издание на издавачката куќа “Филип Вишњиќ“ од Белград.

– Станува збор за специфична и необична книга која авторот ја завршува со филозофема, односно со филозофска размисла и мисла, како поента и филозофски коментар за денешниот современ живот- појаснува професор д-р Христо Петревски.

Книгата “Филозофија“ е духовито и со досетки напишана и му е посветена на таткото на поетот и претставува омаж за него, навраќајќи се на неговите одамна изговорени зборови: “овој малечок ќе биде филозоф“.

Наградата “Орфеј“ се додедлува на домашен и странски автор, а ја доделуваат Издавачката куќа “Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација “Македонија презент“ од Скопје.

В.М.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе