Tрката со кајаци ги збратими Дојран и Свиштов, Бугарија

Дојран 04.11.2018

Претпладне, градоначалниците на град Дојран во Република Македонија и
Свиштов во Република Бугарија си подадоа рака со договор за
збратимување помеѓу двата града.

2Градоначалниците на Дојран, Анго Ангов и на бугарскиот град кај Дунав,
Генчо Генчев ја отворија официјално трката со кајаци, која собра
стотици локални гледачи и туристи „Под Јаворите“ на брегот на
Дојранското Езеро. Од Софија пристигнаа професионални кајакари кои ги
демонстрираа своите вештини во бистрите води на езерото.

Настанот беше организиран од Општина Дојран, 33-ти Свиштовски полк,
Фондација Бугарска Памет, Југоисток Плус, Бугарско-Македонски
Младински Клуб и Бугарски Културен Клуб-Скопје во чест на
стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе