„УМ“ со Годишна изложба во Виница

Виница, 22.12.2016

На 24 декември 2016 во 20,оо часот, во галеријата „Венеција“ во Виница ќе биде отворена Годишната изложба на Здружението на уметници „УМ“ – Виница.

Од „УМ“ велат дека со секоја нова изложба, секој член на здружението ја покажува уметноста и светот онакви какви

Што секој уметник поединечно ги доживува. Здружението помогна да се засилат контактите, а со тоа се засили и информираноста и интересот за она што секој од уметниците зачленети во „УМ“ го создават како уметнички чин.

На завршната изложба за 2016 година учествуват уметниците: Гордана Вренцоска, Дејан Спасов, Катица Алексова и Иво Пецов, како и гостите Гоце Стоилковски и Маријана Иванова.

Делата на авторите се во спицифичната за секој пооделно област, насока и стил. Во „УМ“ остануваат во очекување на нова преродба и чудо кое широко ќе ги отвори не само нивните очи но и очите на нивната бројна публика. (.м.м.)

Type a message…

 

 

 

 

 

 

Top of Form