Аргировски не ги информирал пензионерите во Охрид за потпишаниот Протокол со ВМРО ДПМНЕ

Охрид,5. Ноември 2016 (МЕТА)

– Поголема група пензионери од Охрид, кои не се задоволни од начинот на кој се води, и од одлуките кои ги носи раководството на  Сојузот на пензионери на Македонија, денеска, од јавна трибина посветена на актуелните состојби во Сојузот, побараа оставка од преседателот Драги Аргировски.

Мегу широкото членство на пензионери присутно е огромно незадоволство и чувство на диспропорција измегу нивните очекувања и постапките и одлуките на централното раководство во Скопје. Особено што, во случајот на потпишувањето на такавиканиот Протокол за соработка во изборен период, со само една политичка партија, не беше консултирана и информирана Општинската организација на Сојузот во Охрид.

На тој начин, Сојузот, со сегашното раководство, се повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја загуби независноста и самостојноста, а особено непартијноста, и, за жал, навлезе во водите на партиската пристрасност.

Тоа покажува дека, раководството, посебно претседателот, одлуките ги носат не во име на членството, туку во дослух со воспоставената клиентилистичка мрежа од поддржувачи во раководствата на општинските организации, каде е инсталирана пензионерска бирократија со високи паушали на претседателите и секретарите.

Ист е случајот и со пензионерите – функционери во Сојузот во Скопје, поради што пензионерите од Охрид побараа, во иднина, нивниот ангажман да биде врз волонтерска основа.

Политички неопределените и непристрасни пензионери од Охрид, на ваквите состојби не смеат да останат имуни и затоа се придружуваат на лавината реакции и иницијативи за формирање на алтернативен Сојуз, од претходните собири во Скопје, Штип, Прилеп, Струмица и други места. Крај)

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе