БЕРОВО: Изложба на слики од Трајковски и Нара

Берово, 22.05.2018

Денеска во Бизнис инкубаторот во Берово беше отворена втората по ред меѓународна ликовна изложба чиј организатор се Аурора Ресорт и спа и Општина Берово.

Беа изложени  вкупно 30 ликовни дела, по 15 од познатите уметници Новица Трајковски од Македонија и Наташа Радосављевиќ-Нара од Србија.

berovo03 berovo02На отворањето на изложбата покрај спомнатите уметници присуствуваа и поголем број љубители на уметноста од Берово како и гости од култниот Аурора Ресорт и спа сместен на прекрасна локација на Беровско езеро.  Изложбата за отворена ја прогласи беровскиот градоначалник  Звонко Пеќевски.

Оваа изложба ќе биде отворена за до 27 овој месец, а се очекува да ја видат поголем број беровчани како и гости кои во овие денови започнуваат да го исполнуваат најголемиот град во Малешевијата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе