Берово помеѓу очајот од иселувањето и надежта во туризмот

Саботен ден во Берово. Сонцето го милува убавиот плоштад во малиот град. Пладне е, а на овој култен малешевски простор исполнет со десеттина кафулиња нема повеќе од десеттина лица. Го прашуваме средовечниот Атанас каде се луѓето.-„Некои се по планината, собираат шумски плодови, други се на работа по локалните, главно текстилни фабрики, а најмногу се во странство. Ни се испусти Малешевијата, децата ни заминаа во јабана, тука за нив нема работа, а и кога ќе ја најдат работат за плати не поголеми од 10.000 денари“, со тага во гласот ни зборуваше Атанас.

Пред локалните продавници за се и сешто продавачки и нивни пријателки, водат, како што ни рекоа, празни муабети. –„Муабети поради муабети. Колку да го убијат времето“, вели Роза, која дипломирала економија но работа сеуште не нашла. –„Во Берово кој на времето имаше над 10.000 жители денес нема ниту четири илјади лица. Да не ни се Малешевските планини, и бујниот живот кој во нив вирее, да не се нашите шуми и ливади, еден од нас нема да остане тука. Сиромашен крај е ова, луѓето се чесни и вредни, но шансите за пристојна заработувачка, а со тоа и за пристоен живот се многу мали. Зато младоста ни фати магла од Берово и селата, многу стари луѓе живеат сами, компјутерот и скајпот им се единствената врска со нивните во Италија, Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија“, вели 38 годишната Вера.

berovo-centar_1280x857
Берово, плоштад

Дека Берово и Малешевијата се испустуваат тоа веќе не е нова Малешевска и Македонска тема. За тоа медиумите известувале мал милион пати. Но, од големата тема која може да ја определи иднината на овој, инаку преубав крај, нема бегање. –„Ние сме тука да си ја кажеме нашата голема болка секогаш и во секое време, а дали некој ќе превземе нешто во наша полза, таа работа не е во нашиот домен“, потенцира пензионерот Глигор Марковски.

u-%c2%a6-%c2%a6-%c2%a6-%c2%a6-c
Бачилото на Панковци
manastir-hotel-misovski-vlado_1280x857
Владо Мишовски

Ако масовното иселување е она што на Берово и Малешевкиот крај им носи голема грижа, тогаш туризмот кој последниве години фаќа залет, е стопанската гранка која носи нова надеж. Преубавите планински пејсажи, Беровското езеро, пријатната клима, еколошки чистото подрачје и убавите хотели му даваат една нова димензија на подрачјето. Хотелот „Манастир“ прв повлече нога во концептот за современ туризам по мерка на европскиот љубопитен човек кој сака да шета, истр

klepalo-banica_1280x857
Приородна храна и пијалоци на бачилото на Панковци

ажува, да јаде еколошки здрава храна, да ужива во новите пространства кој ги открива.

aurora-vaska-sarafimova_643x960
Васка Сарафимова

-Нашиот хотел е основоположник на современиот туризам во Малешевијата. Хотелот е веднаш до манастирот „Свети Архангел Михаил“ а неговата градба е инспирирана од манстирската архитектура. Овде нудиме традиционална органски здрава храна, а од година во година бројот на туристи се зголемува, започнаа да доаѓаат туристи и од прекуокеанските земји, претежно наши иселеници кои сакаат престој во незагадена животна средина, во хотели кои дишат во стилот на нашата стара архитектура, бараат јадења какви што некогаш, пред да се иселат, им готвеле нивните родители, нарачуваат сокови од шумски плодови од нашите планини“, вели Владо Мишовски, менаџер во „Манастир“.

„Целокупниот престој во хотелот ви е за пет ѕвездички, прекрасна здрава храна, прекрасна услуга, прекрасен персонал, Ви благодарам што направивте престојот да ни биде незаборавен“ запишала во книгата за впечатоци Дрита Исеини од Скопје. А такви пофалби на сметка на се што значи „Манастир“ има и од бројни гости од европски и воневропски земји. И можеби затоа овој хотел доби највисока оценка 9,3 од македонските хотели во рангирањето на специјализираниот европски сајт за туризам Букинг.ком.

На брегот од Беровско езеро сјае рисорт и спа центарот „Аурора“. Овде гостите говорат на многу светски јазици, зашто ги има од сите страни на светот. Васка Сарафимова, шеф на рецепцијата, вели дека туристите овде доаѓат да го најдат својот спокој, да ги задоволат сите свои сетила со поглед и прошетки низ непрегледните зелени шумски појаси, да вкусат здрава храна… –„Имаме гости преку цела година од многу земји во светот, Интересен е фактот дека се повеќе наши гости се наши луѓе кои се иселиле во Канада, Австралија, Америка, а во се поголем број ни доаѓаат и гости од соседна Бугарија…Луѓето ги откриваат убавините на „Аурора“ и на Малешевијата преку интернет, па годинава имаве и три свади при што двајца индијци склопија бракови со своите сакани кои потекнуваат од Македонија, а свадба правеше и млад пар од Швајцарија, при што младата беше наше девојче од Штип, а младоженецот од Германија“, вели Сарафимова.

И „Манастир“ и „Аурора’ за своите гости организираат излети во планината, а на нивно барање главно го посетуваат бачилото „Клепало“ кое е на надморска височина од 1.350 метри и е до Македонско-Бугарската граница. Бачилот е инвестиција на семејството Панковски, уредено е во селски стил, од него на сите четири страни на светот се пружа преубава глетка…Овде ќе ве пречекат секогаш насмеаните Божурка и Веселинка, снаа и свекрва.-„Се што ќе изнесеме на маса, пред гостите, се е тоа органско производство кое го произведуваме на нашите 43 хектари земја. Млеко и млечни производи, месо од многу животни кои се хранат во планината, матеница, кашкавал, малешевски планински компир, домати, морков, зелка…По желба на гостите печеме јагнешко и друг вид на месо под вршник . Странците се луди по нашите млечни производи и салати, по природните сокови. Затоа нивниот број од година во година се зголемува“, ни зборуваа Божурка и Веселинка.

Се враќаме од „Клепало“ кон Берово. Попатно минуваме покрај некогашното детско одморалиште, на самиот брег од Беровско езеро. Одморалиштето не работи од 2006 година. Но, пред него тезги распослале Венчо Самарџиски и Атанас Стоилковски. На тезгите мед убаво спакуван во тегли, слатка од боровинки, малини, шипка, капини, прополис само од коприва. И вреќи со убаво спакуван малешевски планиниски компир.

-Тековната е многу лоша година за нас. Родот на шумските плодови е преполовен, а и сливата и јаболката измрзнаа…Продажбата оди добро, имаме нарачки но се плашиме дека сите нема да можеме да ги задоволиме зашто немаме плодови. Проблем е и тоа што немаме луѓе за берење шумски плодови, зашто младите си заминаа од семејните домови во потрага по посреќна иднина. Во моето маало Белема од 13 куќи 18 лица се иселија. Тоа е нашата најголема болка, порачува Самарџиски.

(в.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе