Бочварски од Брисел: поддршка да продолжиме по вистинскиот пат

Брисел, 04.05.2018

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски вчера во Брисел, заедно со Јасна Грабич, го водеше состанокот на ЗКК кој е составен од 22 члена.

Еден од дискутантите беше и Иво Вајгл, а панелисти беа и други експерти од различни области. Една од темите беше и темата за управувањето со отпадот.

Денеска Бочварски се обрати на пленарна сесија на Европскиот комитет на регионите на која свое обраќање имаа и Јоханес Хан, Ерван Фуере и други.

 „Од сите добивме поддршка да продолжиме по вистинскиот пат. Македонија се споменува како позитивен пример. Од заробена земја, таа повторно е на вистинскиот пат. Локалната самоуправа е исклучително важен елемент во процесот на пристапување кон ЕУ,“ истакна Бочварски во излагањето во главниот град на европската политика.

31948632_10156087514101885_1146832099974578176_o 31924657_10156087500891885_2371677337373638656_o

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе