БОЧВАРСКИ: Штип ќе добие спортски комплекс на Суитлакот

Штип, 28.09.2017

  • На спортистите кои ќе ни донесат медали од разни натпреварувања ќе им ја качиме цената, ќе им кажеме колку нивното остварување и тие самите ни се важни за градот, колку знаеме да ги цениме нивните напори и остварувања…

Стотина спортисти и спортски работници од Штип присуствуваа на дебатата за спортот во градот во организација на СДСМ, а на барање на спортистите и спортските клубови. Бројните учесници во дебатата, меѓу нив имногу познати асови, носители на државни и европски медали од разни спортови, побараа одговор на две прашања: прво, зашто Штип, во последните четири години го достигна дното во областа на спортот, па од респектибилен спортски град стана спортска провинција и, второ, какви се проекциите на коалицијата предводена од СДСМ и од кандидатот за градоначалник Благој Бочварски во однос на иднината на спортот во регионалниот центар.

По однос на првото прашање сите учесници во дебатата рекоа дека во градот за спортот одлучувале некомпетентни луѓе, блиски на градоначалникот Илчо Захариев. Со спортски колективи кои низ штипската историја на постоењето изградиле респектибилни имиња раководеле месари, тесари, продавачи, но не и докажани спортски работници и поранешни истакнати спортисти. Од 20 милиони денари колку било даванао за спортот од општинскиот буџет 90 проценти оделе за ФК Брегалница која, и со тие големи пари, водена од двоецот Захариев – Бојаџиев испаднала од елитното фудбалско друштво.

DSC_3361Беше речено дека спортистите тренираат во студени простории, во сали од чии покриви тече вода, во спортска облека која спортистите сами си ја носат од дома, најчесто општината (Захариев) не даваат пари за учество на штипски спортисти на меѓународни натпревари…Со еден збор еден неодговорен однос кон спортот кој е практикуван од оваа власт која никогаш не дала отчет за тоа на што бил потрошен спортскиот денар како пари на граѓаните.

„Можам да ви ветам дека Штип, со промената на локалната власт, ќе добие спортски објекти кои ќе привлечат илјадници пионери, младинци и сениори како и рекреативци да се посветат на разновидните спортови кои ги има градот. Ќе изградиме спортски комплекс на Суиталкот, каде ќе има центар за боречки спортови како што се борењето, карактето, боксот и слично, во рамките на комплексот ќе изградиме тениски игралишта, отворен и затворен базен во кои ќе тренираат нашите пливачи, аква парк, многу шеталишта и зелени површини“, рече Бочварски за што доби громогласен аплауз од присутните.

Според кандидатот за градоначалник Бочварски, локалната власт во Штип ги игнорирала високите остварувања на спортисите.-„Не може нашите спортисти кои освојувале, освојуваат и ќе освојуваат европски, медитерански, универзитетски и државни медали како награда од градот да добијат само слика со градоначалникот, а потоа да бидат заборавени. На спортистите кои ќе донесат медали од разни натпреварувања ќе им ја качиме цената, ќе им кажеме колку нивното остварување и тие самите ни се важни за градот, колку знаеме да ги цениме нивните напори за да дојдат до таков успех. Непочитувањето на нивниот подвиг е нешто кое кај нив носи најголемо разочарување…Ние таков нешто нема да дозволиме“, порача Бочварски.

Според Бочварски, пари за спортот ќе има. Колку и да се парите тие  правилно ќе бидат распоредени. За ФК Брегалница која привлекува најмногу гледачи од сите спортови ќе се оди на приватизација при што јасно ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете страни. Спортските сали, постојни и нови, ќе се гасифицираат па спортистите и преку зимо ќе имаат квалитетни услови за работа, општината ќе го стимулира спортот во училиштата преку нивни меѓусебни турнири, ќе биде дадена поддршка на Општинскиот фудбалски сојуз со кој ќе раководат истакнати фудбалски работници..

„Се што овде го ветувам ќе биде наша вистина. Уште од првите денови на мандатот со спортистите ќе започнеме да го враќаме угледот на спортот во нашиот град“, рече Бочварски.

На спортистите кои ќе ни донесат медали од разни натпреварувања ќе им ја качиме цената, ќе им кажеме колку нивното остварување и тие самите ни се важни за градот, колку знаеме да ги цениме нивните напори и остварувања…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе