Бочварски ја претстави спомен собата на Киро Глигоров

Штип, 25.01.2018

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски пред новинарите ја образложи целата идеја околу именувањето на Мултикултурниот центар со името на првиот македонски претседател Киро Глигоров. Притоа, тој ја претстави и собата која ќе биде спомен соба на Глигоров.27335889_10214308808970066_1150470147_o

Во оваа соба ќе бидат изложени книги на претседателот, негови публикации, неговото пијано и бројни други негови лични предмети, коишто неговото семејство ги подари на Општина Штип. Нашата институција ја презема одговорноста да води грижа и за предметите кои некогаш биле во лична сопственост на претседателот Киро Глигоров, но и за зачувувањето од заборав на неговите големи достигнувања. И сето тоа како наша должност да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја, рече Бочварски.

Комисијата за култура при Совет на Општина Штип минатата недела донесе одлука Мултимедијалнот центар да го носи името на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Оваа одлука ќе биде ставена на гласање пред советниците на Совет на Општина Штип закажана за наредната недела.

Општината, во соработка со Ликовната Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, ќе обезбеди реставрација на оштетените бисти на народните херои и нивно лоцирање во парк на великаните. Бочварски информира дека е во тек изработката на нова спомен-плоча која ќе биде поставена кај родната куќа на народниот херој, револуционер и поет Ацо Шопов, на местото на старата, којашто беше уништена од страна на несовесни граѓани.

„Како иницијатор на ваквиот гест, длабоко сум убеден дека советниците ќе го изгласаат со што Штип уште еднаш ќе покаже доблест и пример за тоа како треба да се зачува и одржува споменот на ликот и делото на таткото на нашата нација.

Бочварски уште напомна дека Општината, во соработка со Ликовната Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, ќе обезбеди реставрација на оштетените бисти на народните херои и нивно лоцирање во парк на великаните. Тој информира дека веќе се изработува нова спомен-плоча која ќе биде поставена кај родната куќа на народниот херој, револуционер и поет Ацо Шопов, на местото на старата, којашто беше уништена од страна на несовесни граѓани. Градоначалникот апелираше до граѓаните сите заедно да се грижиме и да ја почитуваме нашата историја и култура.

„Општина Штип ќе преземе поголема грижа за културно-историското наследство, особено за оставштината од најсветлиот период во историјата на македонскиот народ – Народноослободителната борба од 1941 до 1945 година. Тоа е период кога Македонците се приклучија на антифашистичката борба и сами и самосвесно се изборија за слобода и сувереност. Тие нивната војна ја извојуваа, ја добија заради нив, ама и заради нас. Нам ни останува обврската да ја одбраниме и сочуваме нивната оставштина“, порача Бочварски од денешниот прес.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе