„Будење“ како плашило за народот

Штип, 22.08.2017

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Есен. Година 2015.  Сириски бегалец седи пред куќа во Ѓевгелија. Над него прозорец, а на прозорецот мобилен телефон. Репортерот на национална телевизија го прашува бегалецот што прави.

„Го полнам мобилниот, овде живеат многу сиромашни луѓе па на домаќините им дадов два долари за да си ја наполнам батеријата“, рече Сириецот.

Тоа е слика од времето кога во Македонија на власт беше вемерето. Кога низ државата, на дневна основа, транзитираа над 10.000 бегалци. Сирискиот бегалец точно ја детектирата нашата социјална состојба. Неговата порака беше: доаѓам од земја во која се живееше богато, и одам во европска држава во која исто така се живее богато. Македонија ни под разно не е моја опција за останок во неа“.

Слика денешна. Во Штип некое ново граѓанско здружение „Будење“ пред Стопанска банка собира потписи против изградба на кампови и (или) станови за бегалци од Сирија и други арапски држави. Активистот Видан Лазаревски за медиумите појаснува: „Во Штип ќе се населат 6.000 бегалци. Ќе има силувања, разбојништва како што ги има низ цела Европа. Последиците за штипјани ќе бидат тие што наместо пари за образование, за градинки ќе се насочат за бегалците“, рече досега непознатиот „граѓански активист“ Лазаревски.

Јас пак велам дека се работи за голема, гнасна манипулација со штипјани и со народот на Македонија. Ниту Видан ниту било кој друг досега има појаснето кога, каде, на која Владина седница, или на која седница на Собранието на Македонија е донесена одлука за прифаќање на бегалци во нашата држава и, посебно, за прифаќање на 6.000 бегалци во нашиот Штип. Oвој гнасноговор заслужува внимание и на надлежните служби. Овој уплав, оваа монтировка која му се сервира на народот за „6.000 силувачи и разбојници кои ќе се населат во Штип“ и за „парите на граѓаните кои наместо во изградба на градинки и за образованието ќе се трошеле за станови за бегалците“ заслужува соодветна реакција на соодветните институции. Не може во државата на кој како ќе му текне да сее страв и ксенофобија таму каде што за такво нешто се нема аргумент.

Факт над сите факти е дека вемерето нема стратегија за локалните избори па за своја стратегија го избра ширењето страв меѓу граѓаните. Тоа што за време на нивниот мандат, од 2009 година па до губењето на власта нивна беше одлуката за Македонија да биде транзитна земја за бегалците, тоа што за тој период неколку стотици илјади бегалци транзитираа низ нашата држава без притоа да се случи и најмал инцидент, а само околу 20-на лица остана во Куманово во очекување на визи за Европа, тие на тоа заборавија веднаш откако ја загубија власта.

И второ. Вон секое сомнение е дека по опомената на новинарката Мирка Велиновска, еден од вмровски идеолози во десетгодишното тоталитарно владени на оваа партија, дека на локалните избори вемерето ќе ја освои власта само во Свирипичино, во оваа партија владее страв и паника. Сепак тој факт, на оние кои народот ги делегитимира од власта, не им дава за право да ги плашата граѓаните со вакви гнасни измислици.

И да измислуваат нови „граѓански здруженија“ од типот на „Будење“ кое функционира како вмровско плашило за народот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе