Веле Митаноски: Што учел Латас кај Будa, Буда Лончар: дипломатски – јавни, или, пак, тајни вештини!?

Охрид, 05.01.2017

Што учел Латас кај Будимир лончар: дипломатски јавни,или, пак, тајни вештини!? “Ако је судити”, по книгата што ја објави: “КОС и УДБА” (“наша судба!”), тогаш лесно се стигнува до одговорот!

Будимир, или за пријателите Будо Лончар, беше извонреден дипломат. Ама, пред тоа, работеше во службите на врходниот командант – Јошка Броз, во ЈНА! А, и кога беше шеф на југословенската јавна дипломатија, Лончар, остовремено беше и шеф на дипломатската тајна служба, како сојузен секретар за надворешни работи во СФР Југославија. Во Белград остана до крајот на мандатот на тогашниот сојузен премиер Анте Марковиќ, односно до 1991, кога си поднесе оставка и се врати во Загреб.

%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b81Учителот на Латас, имаше две функции, ама ниту оддалеку слични како моите, кога и јас бев, едно време, дел од владините одаи. Затоа што, јас  не учев од Лончар, туку од Мирко Миронски, Михајло Шарановиќ, од Слободан Чашуле, зашто да не – и од Ристо Попоски, само не од тогашниот колега Мартин Тренески, кого Шарановиќ (негова лична изјава) “го испрати во Австралија како Македонец,а не како новинар!?”.

Нејсе, за моето “шефување”, кај шефицата од кабинетот на Црвенкоски.Бев директор на Агенцијата за информации, како државен орган, но еден период (неформално) и шеф на Канцеларијата за јавност во Владата. Од таа позиција, преедложив да не играме повеќе криенки со коалицискиот партнер Али Ахмети (владата на “Guns’ n Roses!”), туку да изелеземе машки, во јавноста. За ужас на шефицата (“сме го носеле во устата на лавот!?”), предложив, тоа да биде Дебар и посетата ја реализирав – од идеја, до последната содржина – ручекот среде шума, на брегот на езерото! Секако, дека сите се вративме во Скопје, без влакно да ни фали!

Зошто оваа моја “фалба”. За да “не го нишаме возот”, кој стои во место, колку да создадеме перцепција дека се движи!? Тоа беше, е и, ако брзо не се реформира ДПМНЕ, ќе остане основниот принцип на делување: не е важно, што прават, туку Латас што наклапа!? Не е важно што зад Никола Груевски, стои еден Владимир Голубоски, или неговиот сограѓанин, правољубивиот министер  Ѓорѓи Наумов. Нели и двајцата “им ги скратуваа ноктите на орлите”, тоест клетите “Шиптари”!?

Ќе речете, ама и ти сега си нашол да го “факторизираш” еден Латас, докторантот и професорот кај заставникот на Југо-армијата, Бојо!?Но, не е така. Латас е, по моето сфаќање на професијата ништожен, но нему груевизмот му овозможи да го латасивизира македонскиот медиумски простор!Деконтаминацијата, дегруевизацијата, девмроизацијата (извини Тричко!), треба да одат паралено и затоа треба да се разветрат сите ТВ прозорчиња. Знам, ова што јас го пишувам ќе допре до неколку илјади читатели. Она што Латас го ломоти, за наша несреќа, допира до стотици илјади гледачи! Латас тргнува од “теоријата за чавките”, кои “сите белци ги гледаат како црнци, а црнците како белци!”.  За латас, реалноста е илузија на перцепцијата. Ако ја промениш перцепцијата, ќе ја промениши реалноста. Јас пак го слушам ехото  на Махатма Ганди: Ти биди промената што сакаш да ја видиш во светот!

Секако, легитимно е и прашањето: а кој црн ѓаол те тера да гледаш Шител? А, како ќе дознаев дека Латас, беше ти бил најголем албанофил, а Груевски само го следел во чекор!? Точно, пред телевизор не седнувам без далечински управувач. Гледам телевизии кои известуваат како треба, но понекогаши оние – како не треба! И од тоа се учи. Ако ништо друго, ќе чуете на кого “му е мувата на капата!”, кој “го врти јазикот кон забот што го боли!”, кому “му се снило – оно што му се хтило!”

Кога синоќа,  го гледав  дневникот на Сител, заклучив, според изнесеното, дека  најверојатно, пред ТВ приемник веќе “го врзале и Али Ахмети”!? Со свои уши да ги чуе аргументите зошто треба да прави влада со Груевски! Да не знаеш кој е поголем албанофил: Латас или Груевски!? Али, како Рамиз, а Латас и Никола  – двапати Боро! “Братство и единство со Албанците”, за кое и маршал Тито треба да стане од гробот и да учи! Груевски “прв стигнал во Шипковица”! За  поплавите, де! Онака загрижен, “лично ги пробудил сите министри и директори, и тие ноќта да се растрчаат!?”.  А, Универзитетот во тетово, кој ви го даде!? А, овој вториов, претежно албанскиов, во Скопје, кој!? А, законот за употреба на јазиците, а законот за амнестија за хашките злосторници. А, кој!? “Види мајката” (според Евангелието по Грујo!?).

Слушај ти Али – СДСМ и Џорџ Сорос, ти е е едно те исто, а ДПМНЕ и ДУИ имаат најблиски  интереси! (Тоа веќе го знаеме, од снимките!?). Заев ти упадна во гласачкото тело! Тој ти зеде десет мандати. Него држи го понастрана од власта! Тоа е навреда и провокација за ДУИ!? Внимавај Али, СДСМ ќе ја зајакне БЕСА!? Албанците беа за Хилари, Трамп е против Сорос, а ДПМНЕ е “природен сојузник на Трамп”! Се, поинаку, влада на Ахмети со “пуленот на Сорос – Заев”, е  конфликт со Трамп и САД и трета светска војна!? Ги слушна ли предупредувањата на учителот на Латас – Буда, Буда Лончар,или не!?

Овде сум должен, како личен сведок, малку да го “подисправам” zoti Gruevski! Минорен сум, јас да му бидам адвокат на Џорџ Сорос, ама,сепак, вистината е “како шило!”. Ај, што Сорос не дава пари само да руши влади како неговата (на кој тој, нели, не е ниту премиер!?), туку батката даде едно дваесетина-триесет милиони долари за нафта, кога смрзнувавме!? Ај, што не беше само еден ден во Македонија (и тоа е,нели, евангелиски грев!), туку не беше тоа ниту во 1991-та!?Беше подоцна, беше тука повеќе дена, на А1 телевизија, една вечер, имавме дебатна емисија (сигурно не е батисана снимката, како телевизијата!?), а наредната вечер, јас кутар,од новинарската плата, му организирав вечера во елитниот ресторан “Антико” (ние охриганите велиме-кај Бонката), во Охрид!!!

Ете, “тоа е тоа”, пријателе Влатко (Стефаноски): патетично, прозирно, срамно, јадно! Латас и Ивонка, денес се синоним на анти-новинарството, пораз на една професија, па ако сакате и мој личен пораз! Најраната младост, професионално, ја потрошив во “Вечер”, а зрелоста ја стекнав во Танјуг. Токму во “Вечер” денес “уредникува” Ивонка Талевска, а била дописник и за Танјуг!?Каков пораз!? Ако ми е некаква утеха, беше тоа “Вечер” на Мирко Миронски и Танјуг на Михајло Шарановиќ, подоцна на Ристо Лазаров.

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе