Вечерва, во Охрид, во Куќа Уранија – МАНУ, академик Луан Старова, ќе ги промовира антологиите: “Поети и раскажувачи академици од Македонија и Косово”

Охрид, 20. Август 2019

– Академик Луан Старова, редовен член на МАНУ од Одделението на уметностите и еден од најплодните и најпреведувани романописци во Европа и светот, по потекло од балкансниот простор, вечер, на посебна манифестација со почеток од 20,00 часот, во Куќа Уранија – МАНУ, во Охрид, ќе ги промовира двете книги од проектот: “Поети и раскажувачи академици”.

Имено, како дел од активностите на МАНУ во мегународната соработка, беа подготвени и објавени: Антологија на pоети и раскажувачи на Академијата на науките и уметностите на Косово (издание на Македонската академија на науките и уметностите) и Поети академици. Антологија на pоети членови на Македонската академија на науките и умеtностите (издание на Академијата на науките и уметностите на Косово).

zz02Свечената промоција, на која ќе присуствуваат делегации на двете академији, предводени од претседателите, акакадемик Таки Фити и академик  Хивзи Ислами, се одржува, во рамките на “Научната и уметничка визита Охрид – 2019”.

-МАНУ развива плодна научна и уметничка размена со академиите на соседните земји. Најповеќе со Бугарската академија на науките, со неколку десетици заеднички проекти, но и со другите. Веќе, реализираше Денови на Албанска академија во Скопје, а реципрочниот одговор, во обратна насока, планиран е за напролет.. Исто така, се реализира  заеднички проект: MАНУ да подготви книга за Наим Фрешери, а колегите од Тирана, превод на “Историјата на македонскиот народ”, на албански. МАНУ, веќе  ја реализираше превземената обврска, а покојниот академик Катарџиев, напиша поговор. На последната средба  на претставници на двете академии во Охрид, беше договорено, Албанската академија да ја интензивира работа, по што ќе следи заедничка промоција.Босанската академија, во Скопје, веќе имаше “Изложба на сликари академици”, додека во октомври, следи возвратен чин во Сараево, појаснува претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе