Виница и годинава продолжува со поплочувањево

Виница, 28.01.2019

Со топењето на снегот постепено се создаваат услови за продолжување на градежните работи и во претстојната година. Градоначалникот Димитров ги привршува планираните активности од претходната година со кои беше зацртано поставување на бехатон плочки на површина  од 5450 м2. Од почетокот на годинава се уредува тротоарот покрај автобуската станица во Виница, се поплочија тесните улички покрај храмот “Св.Архангел Михаил“,  како и повеќе тесни сокаци  во горниот дел од градот.

Претходната година заврши поплочувањето покрај храмот “Св.Лука“, улицата “Даме Груев“, улицата “Крушевска“ како и тротоарот на излезот од Виница кон Берово .

Вкупната вредност на оваа инвестиција е 3,5 милиони денари, а планирани беа вкупно 5450 метри со бехатон плочки, од кои 3000 м2 се во градот, останатите во селата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе