ВИНИЦА: Макпрогрес отвара Институт за истражувања и развој

Виница, 22.11.2019

Институтот за истражување и развој на прехрамбена кондиторска технологија има задача да го поттикне и унапреди создавањето на специјализирани кадри кои понатаму со својата експертиза ќе можат да се вклучат и да ги поттикнат иновативните процеси во прехрамбените компании во државата

Во Фабриката на Макпрогрес во Виница, потпретседателот на Стопанската комора на Македонија д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и Јадранка Аризанковска одговорна за прокети во Комората, остварија работна посета со директорите и сопственици на компaнијата Глигор и Александар Цветанови.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа компанија од секторот прехрамбена индустрија, при што од раководството на компанијата беше посочено дека еден од најголемите предизвиcи и за нив е недостатокот на стручен кадар. Со цел соочување со тој предизвик Макпрогрес многу инвестира и развива нови проекти на тој план. Во контекст на ова за време на прославување на 30 години од нивното постоење, догодина се планира отварање на Институт за развој на прехрамбените технологии со цел да го поттикне и унапреди создавањето на специјализирани кадри кои понатаму со својата експертиза ќе можат да се вклучат и да ги поттикнат иновативните процеси во прехрамбените компании во државата.

Преку овој Институт за истражување и развој на прехрамбена кондиторска технологија Макпрогрес ќе соработува со академии, институции, старт ап компании, ќе организира посети, како и специјализирани обуки и курсеви за продажба, менаџмент, маркетинг, мехатроника. Институтот ќе биде лоциран во кругот на управата на Макпрогрес и воедно ќе биде инкубатор на стручњаци во технолошко прехрамбената наука. Содржини и дејности на институтот се: Истражување и развој на прехрамбените технологии во пекарската и кондиторската индустрија, технолошко следење и аналитика, развој на нови производи, анализа на постоечки и нови сировини, тест проби со процесна опрема, сензорична и органолептичка анализа, едукација, обуки, тренинзи, семинари, размена на научни знаења и истражувања и соработка со други центри, факултети и институции.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе