ВИНИЦА: Наградите за карикатура на Ин Виница Веритас во рацете на странски карикатуристи

Виница, 27.10.2020

Со отворање на изложба на карикатури пристигнати на меѓународниот конкурс за карикатура, синоќа во Виница започна дванаесеттото обновено издание на фестивалот за хумот и сатира „Ин Виница Веритас“. Изложбата ја отвори и за пристигнатите карикатури зборуваше Јовица Илиев, директор на Домот на култура „Тошо Арсов“.
-На конкурсот за карикатура пристигнаа 560 дела од 244 карикатуристи од цел свет. Продукцијата беше голема, а квалитетот исклучителен поради што жири комисијата беше на слатки маки да ги избере најдобрите. Сепак, на крајот комисијата ги додели следниве награди:

in veritas1   Прва награда во износ од 300 евра му е доделена на Дарко Дрљевиќ, карикатурист од Црна Гора,
Втората награда во износ од 200 евра отиде кај Илија Катц од Израел,
Третата награда во износ од 100 евра и припадна на Изабела Ковалска од Полска.

Синоќа во сината сала на Домот на култура „Тошо Арсов“ се одигра сатиричната претстава „Не ми го чепкај пивото“ на театарот „Златен елец“ од Скопје. Беа спазени сите здравствени протоколи поради што во салата од 250 места имаше една третина, или околу 80 посетители. Со пригоден говор фестивалот го отвори градоначалникот Ивица Димитров.

Вечерва во 19 часот ќе бидат промовирани две книги афоризми „Во љубовта е вистината“ и „Од Вардар до Владивосток“ од едицијата Балканска сатира во издание на фестивалот. Приредувач е афористичарот Миле Ѓорѓијоски.

Утревечер (28 октомври) на програмата од 20 часот е претставата „Фанови“ поддржана од УГД;

На 29 октомври во 20 часот ќе настапи стенд ап комичарот Никола Тодороски со монодрамата „Вештачка интелигенција-природна глупост“;

Фестивалот ќе биде затворе на 30 овој месец со претставата на Народниот театар од Штип „ЈЗУ Европа“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе