ВИНИЦА: Стипендии за студенти од здружението “Свет крст“ и Општината

Виница, 15.01.2019

Студентите од Виница од денес може да аплицираат на новораспишаниот конкурс на здружението “Свет Крст“ и Општина Виница за добивање на одреден месечен студентски надомест , чија висина ќе биде дополнително утврдена во зависност од донациите кои ќе пристигнат од локалните компании во градот.

Минатата година беа обезбедени вкупно 415.900 денари , средства кои беа распределени на вкупно 21 студент за вкупно 9 месеци.

И оваа година сите заинтерисирани кандидати треба да достават соодветна документација во просториите на општина Виница, а конкурсот е објавен на веб страната и на фб профилот на општина Виница.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе