Владата продолжува со поддршка на браната „Речани“

Кочани, 05.04.2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при денешната посета на Кочанско, најави продолжување на изградбата на браната Речани.

2 (1)„Поддршката на Владата за изградбата на браната Речани ќе продолжи и ние во овие десет месеци ги спроведуваме постапките што не биле направени пред да се склучи договорот за изведба, договор на кој се прави детална правна анализа затоа што е склучен во изборен период и за што во наредниот поериод ќе информираме околу следните чекори. Клучно е тоа дека Министерството за земјоделство, заедно со Министерството за транспорт и врски ги направи сите подготвителни работи за добивање на градежната дозвола, со оглед на тоа што се работи за еден крупен инвестициски проект. Инвеститор на овој проект останува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во следниот месец очекувам дека оваа долга постапка за обезбедување на градежна дозвола ќе финишира, односно Министерството ќе ја добие градежната дозвола за изградба на овој крупен инфраструктурен проект, кој  е од битно значење за регионот. Очекуваме и да започнат и другите постапки во делот на изградбата“, рече Николовски.

Клучно е тоа што Министерството за земјоделство, заедно со Министерството за транспорт и врски ги направи сите подготвителни работи за добивање на градежната дозвола, со оглед на тоа што се работи за еден крупен инвестициски проект

Министерот за земјоделство ги истакна регионалното значење на браната „Речани“ и постојаната комуникација на оваа тема со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.  Притоа, тој додаде дека во наредните две недели се очекува завршување на реконструкцијата и надградбата на браната „Пишица“ во Пробиштип, којашто е значајна за две села во општина Пробиштип и за оризовите полиња.

Подготвителните активности за изграба на браната „Речани“ почнаа со истражувања на теренот од 2009 година. Досега е асфалтиран пат во должина од 4 километри до круната на браната, а започнаа и работите на патот од круната на браната до ножицата, односно до темелот на браната.

(љ.а.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе