ВЛАТКО КОСТОВ: Не се можни квалитетни промени во фудбалот без нов човек на чело на ФФМ

Штип, 25.07.2018

Влатко Костов, поранешен фудбалер, а денес  фудбалски тренер, интелектуалец, 52 годишник кого го краси чесноста и посветеноста на се што работи, ја најави својата кандидатура за претседател на ФФМ.

Костов беше фудбалер на Брегалница, Вардар, Пелистер, со Ренова како тренер има освоено две титули првак на Македонија, со него како тренер Ал Реад од Саудиска Арабија го овои купот на таа земја. Костов уште бил заменик селектор на младата и на А фудбалската репрезентација на Македонија.

Во отвореното писмо до јавноста (се што Влатко работи, а е од интерес за нацијата го работи јавно) вели:

Во оваа прилика сакам да кажам дека јас ќе ја истакнам мојата кандидатура за Претседател на ФФМ, но тоа ќе биде самостојно. Ги респектирам сите кандидати чии имиња деновиве кружат во фудбалските кулоари, бидејќи со многумина од нив имам изминатите години соработувано, но децидно, јас со никого немам правено никакви договори и сите оние што ќе пласираат таква вест во јавноста, нека се знае дека е обична манипулација. Деновиве, на многумина од нив во телефонски разговор им кажав дека истакнувам кандидатура, но со молба да не го користат моето име за некакви наводни претходни договарања. Подготвен сум да се соочам со одредени бариери на тој пат, од типот: тој и тој член од статутот. Не е важно колку ќе трае тоа, важно е вистината и одлучноста да победат за доброто на фудбалот. Верувам во демократскиот избор.

По објавата на кандидатурата позитивни реакции и силна поддршка за неговата кандидатура дојде од многу стани. Тоа зборува за неговата популарност но и за желбата да се изврши генерален ремонт во Фудбалската федерација.

Во изјава за istokpress.mk Костов го кажа следново:

„Мојот мотив е од корен да се променат лошите состојби во македонскио фудбал. Да обезбедиме многу подобра инфраструктура без кое не може да се направи било што посериозно во фудбалот. Мој личен став е дека до квалитетни промени може да се дојде само ако на чело на ФФМ дојде нов човек кој искрено, целосно и силно посветено ќе работи на промените. Јас ветувам такво нешто и се надевам на успех“, рече Костов.

Влатко е штипјанец па се очекува првата голема поддршка да дојде од Општинскиот фудбалски сојуз и од бројни фудбалски и спортски работници во градот кој е и еден од важните спортски центри во државата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе