ВМРО ДПМНЕ се откажува од „Верниот му Исток“

Штип, 02.10.2020

Опозициската ВМРО ДПМНЕ како да се откажува од Источниот регион за кого до последните избори тврдеше (Влатко Ѓорчев) дека е нивни бастион (тврдина) и дека баш на истокот од државате имале најубедливи победи. Ѓорчев, во еден ТВ дуел, дури се пофали дека „на времето“ кога „Истокот му биле верен на ВМРО ДПМНЕ“ неговата партија ги „тепала“ социјалдемократите со 14:6 пратеници.

Можеби така било на времето но избори по избори вмровци ја губеа таа своја база на, како што кажуваа „сите нивни изборни успеси“. На последните парламентарни избори соодносот во пратенички мандати беше 10 за ВМРО ДПМНЕ, 9 за СДСМ и еден мандат за партијата Левица. Само седум гласа плус на котното на СДСМ фалеа резултатот да биде нерешен.

Од каде проценката дека вемерето се откажува од „верниот“ му Исток?

Од 19 членови на новизбраниот Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ, за првпат во неговата историја, се случи во највисокиот орган од источниот регион да има само двајца членови. Тоа се Никола Мицевски и Иван Јорданов, и двајцата од Штип.

Во ИК на оваа партија повеќе нема членови од Берово,Делчево, Кочани, Виница, Македонска Каменица, Пробиштип, Пехчево….Зошто, од кои причини?

Веднаш по предвремените парламентарни избори на кои Мицковски очекуваше 12 пратеници наспроти 8 за СДСМ, во партијата не го криеле своето разочарување од резултатот кој за нив бил равен на пораз. Според наши извори тие биле свесни дека политичкото тркало ги води низбрдо  па во знак на револт и лутина им дале корпа на поголем број свои активисти од спомнатите општини на истокот кои ги нема во Извршниот комитет.

А и изборите за градоначалник на Штип закажани за 13 декември ќе дадат одговор на се поприсутното прашање кој ја има милоста на штипјани: СДСМ која со коалицијата суверено владее или ВМРО ДПМНЕ кој е во опозиција.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе