Возниот „парк“ на штипските гимназијалци

Штипските ученици во основните и во средните училишта до своите одредници стигнуваат кој како знае и умее, односно кој со што може. Оние на кои училиштата им се блиску до домовите одат пешки, дел со такси, а дел родителите ги носат со свои возила. Пешки поголем број од децата на ова модерно време баш и не се навикнати.

Штипската гимназија „Славчо Стојменски“ се смета за елитно средно училиште во кое учат децата на нешто поимотните штипјани. Добар дел од нив на училиште доаѓаат со такси, а оние од погорните класови кои имаат положено возачки испит и со свои возила кои им ги купиле родителие.

Сликата која ја направивме го потенцира фактот дека младите сепак најмногу се „лепат“ за моторите. Ова што го гледате е возниот парк на дваесеттина штипски гимназијалци кои, кога времето е сончево, на мотори доаѓаат на училиште.

Тоа што е за пофалба е фактот дека досега не се случил ни најмал инцидент при употребата на овој вид моторни возила, што значи дека младата генерација ги почитува правилата и прописите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе