Во Виница бунт против газдата кој исплаќаше плата од само 1 денар!

Виница, 02.04.2017

  • Не е јасно зашто на работниците им требаше цела година да се побунат, да кажат дека кај нас има „газди“ кои работниците ги третираат како робови, да ги покажат исплатните ливчиња на кои е запишана нивната плата од само еден денар.

Во ден недела, кога никој не работи, поранешните 250 работници на виничката фабрика за трикотажа „Зона Трико“ излегоа на протест. Тие се собраа пред затворените фабрички порти за да ја искажат својата мака од понижувачкиот однос на газдата Зоран Источки.

„За осум месеци работа ни исплатија плата од само 4 денари! И тоа по еден денар за февруари, март, април и мај месец. Од јуни па се до август месец, кога газдата без било какво објаснување ја затвори фабриката, не ни дадоа ниту денар на име плата. Цела Виница знае за тој скандал само не знаат надлежните органи, трудовата инспекција пред се која никогаш не влегла во фабриката иако овде се работеше во ненормални услови“ , коментираа работничките.

Исток прес на 2 јануари годинава ја донесе сторијата за газда кој месечниот труд на работниците го вреднува со само еден денар. Тогаш објавивме факсимил од една уплата за три од четирите месеци, која и сега ја даваме на уви на јавност и во која убаво си стои месечната плата од само еден денар!

Не е јасно зошто на работниците им требаше цела година да се побунат, да кажат дека кај нас има „газди“ кои работниците ги третираат како робови, да ги покажат исплатните ливчиња на кои е запишана нивната плата од само еден денар. Конечно, не е јасно зошто работниците си молчеа цела година од моментот кога прво газда Источки им исплаќал плата од само еден денар, за потоа да не им исплаќа ништо и да им ја тресне фабричката врата пред нос.

„Бараме во „Зона Трико“ да влезе трудовата но и сите други инспекции, да утврдат за што се работи, не може некој туку така да ја затвори капијата, да ја напушти фабриката и да ги остави работниците без заработката и без основна информација за иднината. На такви газди се знае каде им е местото“, коментираа работниците.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе