Во источниот регион 280 милиони евра за патна инфраструктура

Штип, 04.10.2018

Штип –  При денешната посета на ескспресниот пат Штип-Радовиш кој е во изградба. Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски, информира дека во Источниот регион ова Влада има планирано да инвестира 280 милиони евра во патната инфраструктура. Сугаревски забележа дека овој регион, во однос на состојбата со својата патна мрежа е во лоша состојба и дека поради тоа била решеноста на Владата таквата состојба квалитетно да биде подобрена.

radovis02Експресниот пат Штип-Радовиш забрзано се гради. Истиот ќе биде готов пред планираниот рок кој беше предвиден за 2021 година. Новата траса е во должина од околу 25 километри и во неа државата инвестира 47 милиони евра.

„Работите на оваа патна насока се одвиваат подобро и побрзо од очекувањата и од она што беше планирано. Целата траса е комплетно пробиена а на десет проценти од неа се завршени сите работи“, рече Сугаревски.

На лице место на новата градба беа и градоначалниците на Штип и на Радовиш – Благој Бочварски и Герасим Конзулов, како и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Според Сугаревски, на сите патни правци на кои што се работи во земјава работите се одвиваат со добра динамика, а проблемите кои во изминатиот период ги имаше се надминати. Надминати се и проблемите на ексресниот пат Штип-Кочани, каде што поинтензивно се гради, а се работи и на патиштата од Радовиш до Подареш , од Радовиш до планината Плачковица, а завршува и тендерот за свлечиштето кон Конче.

(и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе