Во октомври во Кочанско изгореле околу 140 хектари ожнеана плодна површина

Цел месец Кочанско Поле е во пламен. Старата, лоша навика на земјоделците, по жнеењето да ја палат сламата, го вклучува алармот за загадувањето на воздухот и опасностите што ги носат пожарите.

– Територијалната противпожарна единица – Кочани само во октомври  околу 70 интервенции.  Опожарена е површина од 140 хектари, од кои 120 хектари се во општината Чешиново-Облешево. За гасењето на пожарите трошиме материјални и човечки ресурси, сè поради несовесните земјоделци, кои и покрај сите препораки ја палат сламата во ожнеаните ниви. Крајно време е да се справиме со оваа негативна појава – реагира Благојчо Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Справувањето со палењето на стрништата се најде и на 17 седница на Советот, како советничко прашање до градоначалникот Николчо Илијев.

–  Ова е сериозен проблем кој нè загрижува, затоа што ингеренциите на инспекторите не даваат резултат. Како може од 65 пожари, кај нив да има само 5 пријави? Возилата на Противпожарната единица се испокршија во полето, ние не ќе можеме да интервенираме во други случаи. За штетата по животната средина и да не зборуваме, се загадува воздухот, почвата, се уништува живиот свет. Ќе иницираме за секоја изгорена нива да се плаќа казна – рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе