Во сабота, точно на пладне, на порција афоризми кај дабот близу село Бели, кочанско

Кочани, 31.03.2021

Сабота, 3 април 2021 година, на необична локација, кај стариот даб близу село Бели-кочанско ќе се одржи деветтиот по ред фестивал на македонскиот афоризам „Кочани 2021“. Организатор е Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија.

Како и секоја година пред овој настан така и годинава организаторот навреме распиша конкурс за најдобри афоризми, овојпат на темата „Право и правда“.

-НМа конкурсот се јавија 25 автори од цела Македонија, меѓу кои тројца од странство кои се вон конкуренција. Од богатиот избор специјалното жири за најдобри ги избра афоризмите на:

Прва нагрда: Димитар Илиев Вилазорски

-Втора награда: Ацо Ѓорѓиев

-Трета награда: Јане Атанасов

Пофалници добија:

Васил Толевски

Витомир Долински

Ристо Филчевски

Миле Ѓорѓијоски

Марјан Анѓеловски и

Драганчо Тасевски Изворски

На манифестацијата „Кочани 2021„, на 3-ти Април 2021, ќе настапат:

Ружа Стојмилова и Јане Атанасов од Кочани, Ристо Филчевски и Ацо Ѓорѓиев од Струмица, Атанас Крлевски и Димитар Илиев Вилазорски од Велес, Љупчо Силјановски, Васил Толевски и Марјан Анѓеловски од Скопје.

По одлука на УО на ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“, Специјална плакета за посебен допринос за развојот на хуморот и сатирата во Македонија, ќе му биде доделена на Атанас Крлевски од Велес.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе