Во Штип ДПМНЕ и Нарцисот загубија 6.500 гласови

Штип, 12.12.2016

ivboj0000
Пишува: Иван Бојаџиски

Околу 6.500 гласови загуби ВМРО ДПМНЕ во Штип на вчерашните вонредни парламентарни избори! Да бидеме на јасно: ДПМНЕ има 874 гласа повеќе, но неговата „по-беда“ калираше за 6..500 гласа во однос на изборите од пред две години. Значи, Партијата која себеси се титулира како народна, градителска,  патриотска доби шут карта од огромен број штипјани.

Величествено! Штип повторно си го враќа слободарскиот дух. Градот под Исарот му рече „не“ на рекет системот инсталиран од ДПМНЕ и Нарцисот од Ѕвегор. Штип се поклони пред визионерството на Зоран Заев-Величествениот, пред човекот за кого слободата и демократијата, а и правото на пристоен живот за секого немаат цена.

Перфектно! Локалното водство на ДПМНЕ мора да си го стави прстот на чело и да се запраша зошто му се случи ова хаварија. Зошто, при така големи „успеси“ со кои Нарцисот не бомбардираше секоја вечер преку платените медиуми, над 6.500 штипјани му рекоа „фала, ако е и од вас доста е“.

Супериорно. За само две години во кои Нарцисот од Ѕвегор, таканаречениот градоначалник Захариев, лакираше стотина улици и градеше Потемкинови села, ДПМНЕ клекна на коленици. Тоа е првата одличната вест.

Корпа. Втората вест која градот ја очекува со нетрпение е кој ќе му биде кандидатот за градоначалник за изборите кои се за нецели три месеци, односно во претпоследната недела од месец март. Ќе добие ли Илчо Нарцисот корпа од своите,а со тоа и заминување во историјата на регионалната политичка депонија, или ќе добие шанса за втор мандат, за што наголемо сонува? Тоа е клучното прашање кое сега ургентно се отвора во Штип.

Али Баба и 4о разбојници. Огромната предност која ДПМНЕ ја имаше пред само две години се стопи од само две причини: првата е бомбите на опозицијата од кои се виде криминогеното владеење на Груевски и дружината од 40 разбојници, а втората нарцисоидната природа на Илчо кој на штипјани, по стопати на ден, им раскажуваше приказни за своите големи успеси.

Штипјани го прочитаа Илчо како наш современ Геблс, творецот на најмрачната пропаганда во историјата на светот. Гебелс рекол дека десетпати повторена лага станува вистина, а ако се повтори и по 11 пат, тогаш и самиот творец на лагата верува во нејзината вистинитост.

Илчо Нарцисот, како навиен папагал, секоја вечер не убедуваше дека е од господ создаден за да го води Штип. Штипјани, со својот избор, само кажаа дека не само што сé повеќе го мразат начинот на кој ДПМНЕ и Груевски ја водат државата, туку и начинот на кој Ѕвегорецот управува со Штип, штипјани и нивните животи.

Тоа, за мене лично, е најголемата придобивка од овие избори.

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе