Горан Стефановски, преку Охрид и Езерото, ќе продолжи да расте и после смртта, во сите живеалишта и сите води на планетата-земја

Вчерашната кратка вест за ненадејната смрт на Горан Стефаноски, во Лондон, не случајно беше Cover Story, за медиумите во Македонија, но и на Балканот.Замина во вечноста на 66 години (пак таа бројка на ѓаволот!), христијнски е да кажеме – да почива во мир, затоа што тој имаше за што  и да се роди. Кажано се актуелниот политички момент (јазик) тој беше дел од нашиот национален идентитет, затоа што и самиот го создаваше.

Горан Стефаноски, уште за времето додека беше жив, веќе беше класик на македонското драмско творештво. Допрва ние ќе видеме кој беше Горан Стефаноски.

Кога ја слушнав веста за смртта на Горан, кратко се огласив на ФБ: “На веста за Горановото заминување по патот – одовде до Вечноста, каде, таквите како него, растат и после смртта,а обично заминуваат рано, затоа што прерано се трошат:”Трошејќи ја хартијата, јас се трошев и самиот себе си!”(Иља Еренбург).

Не случајно го цитирав токму Еренбург. Ако го изземеме Винстон Черчил, Еренбург е еден од нашите најславни колеги –журналисти, рамен на Ернест Хемингвеј.Всушност и заедно пишувале и се бореле на страната на бранителите на Републиката во Шпанија, против самопрогласениот генералисимус Франко.

Горан, исто така, беше Борец. Како што против фашизмот се бореа  статитиите на Максим Горки, апелите на Ромен Ролан, говорите на Анри Барбис, така, и во нашата современост, се бореше Горан. Можеби најповеќе со поуката дека ние, всушност, и немаме современост, туку ја глумиме, како што не можеме да ја дофатиме иднината, ниту пак да се ослободиме од минатото!

Писателите не смеат да ја забораваат својата улога на учители на животот, а Горан тоа најдобро го знаеше.

Ако вчера беше вест на денот, жалната вест за смртта на Горан, денеска, барем за мене, Cover Story, беше веста дека, неговото семејство, се согласило да ја испочитува вољата, тестаментот на Горан, неговите животни останки, да завршат во водите на Охридското Езеро.

Тоа е величенствено, за Горан, за мене, за Македонија и нејзините граѓани, за светот – векот и цивилизацијата. За оваа епоха што ја живееме и за сите наредни.

Охриѓани можат само да бидат горди на тестаментот на Горан.Не само за честа што ни ја направил, затоа што тој веќе ни правеше многу честови со личното присуство на изведбите на неговите драмски текстови на отворените летни сцени.Охрид, сам по себе, е сцена.

За да ме разберат читателите што, во суштина, сакам да кажам, едно потсетување за помладите. На времето, во заедничка Југославија, во Сараево живееше и создаваше колегата Зулфикар – Зухо Џумхур. Сестрано образована личност, голем ерудит. Телевизиски новинар, пшисател, каракатурист, сценарист – што не!Во една телевизиска емисијаљ, направи ваков потег. Излезе од водата некаде кај Свети Наум, со информацијата дека претходно се нурнал, некаде кај Неум, во Јадранското Море.Величенствен почеток на една ТВ емисија.Судбината сакала, роден во Коњиц, БиХ, да почине крај водите во Херцег Нови.

Јас доаѓањето на Горан од Лондон, така и го доживувам.Не под Ламанш и не над Ламанш, туку преку Ламанш, низ студените води на каналот во кои “Се исправи” нашата Делфина, а од таму, преку источниот Атлантик и Азурното Средноморије, до Јадранот и Свети Наум.

Можело и обратно, преку Струга. И Струга не ја споменувам случајно.Не само затоа што како неа нема друга, туку затоа што уште еден македонски великан, со посипаната пепел од урната со неговите посмртни останки во реката Вардар, ги спои водите: Охрид, Дрим, Вардар, Белото Море – Егејот!На многумина што ќе го читаат ова ќе им полазаат морници- сигурен сум. Таква порака испрати мојот пријател, таткото на мојот пријател и колега – Славко, големото мислечко име – Александар Грличков-Цане.Го паметам по забелешката: “Веле, кога тогаш работниците ќе ни излезат со мотки на сокак”!?

Умре, значи во Струга, летото 1989, a беше професор пчополитички науки во Белград, висок функционер, близок Титов соработник, водечки теоретичар во тоа време, одликован  со Орден југословенско знаме со лента.

Син му Славко, за жал веќе почина, ми беше пријател и колега во агенцијата ТАНЈУГ каде дојде од Нова Македонија – дописникуваше од Белград, заедно со нашиот сограѓанин Ристо Кузманоски – Катилот. Беше роден во Скопје, 4 години помлад од мене, а по распаѓањето на поранешната држава, Славко Грличков врската со Македонија ја продолжи преку дописникувањето за  Вечер и Нова Македонија, повремено Пулс и Дневник.

Не сум  сигурен дека ни излегоа работниците на сокак, како што велеше татко му на Славко, но, можам само да посакам, кога тогаш да излезат, зашто на тоа имаат право. Нашите неранимајковци, им ја одзедоа сегашноста и иднината, со криминалната приватизација и со криминалите во тек,солевите и десните картели! Веќе четрвт столетие сме на една криминална лента!Глумиме, изигруваме сегашност- би рекол Горан!

Официјален Охрид, градската власт, сите ние – како јавност, уште недојден Горан да ни биде вечен сограѓанин, треба да направиме нешто соодбетно на неговиот голем чин.За почеток, на вонредна седница на Советот, да донесеме одлука, веќе од утре една улица, на пример, да го носи неговото име. Може и Булеварот, што да не!?Ако ништо друго ќе се отстрамиме пред Конески. Еден мој колега, бивш татко на градот, ги помешал машкиот и женскиот род, те на “машки” булевар му наметнал  ”женско” име и род!!!

И тука ќе завршам, пак со колегите и “колегите!”.Имено, информацијата дека Горан ќе векува во Охридското Езеро, а од тука во сите води, океани и мориња – се до Сарагасовото, ја објавија со несоодветен, за таквата прилика – непримерен наслов: Пепелта ќе му била РАСФРЛАНА воОхридското Езеро.

Секоја чест на два – три исклучоци, како кај неговото охридско соиме Гораљн (охрди Њуз), Геро (Плус Инфо), со неодреденото: “ во водите”, или кај Емилија (АКО) со – посипена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе