Го постигнавме невозможното

БОБАН НИКОЛОВ, КАПИТЕН НА МЛАДАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДО 21 ГОДИНА

Младата  фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година  постигна историски успех. Се пласира на ЕП за млади, кое  ќе се одржи идната година, во месец  јуни, во Полска. Капитен на оваа репрезентација е штипјанецот Бобан Николов, кој игра во скопски Вардар, а потекнува од фудбалската школа на Брегалница. Бобан Николов  ги одигра сите  натпревари во квалификациите за   ЕП. Се чини, покажа и најмногу.

„Заслужено стигнавме до ЕП. Го  постигнавме невозможното Тоа е најголем успех во историјата на македонскиот фудбал. Во сите средби прикажавме  квалитетни игри. Покажавме како треба да се бранат  боите на  македонската  репрезентација.  Оваа генерација се уште не го  кажала последниот збор. Сметам дека нема да разочараме и во Полска…“, ни изјави Николов.

Веројатно, по неговите стапки ќе тргнат и други штипски фудбалери, кои  веќе изборија место и во првиот состав на Брегалница. Тоа се пред се  Стефан Костов и Бобан Георгиев. Во идниот циклус  натпреваари за ЕП до 21 година, на списокот ќе се најдат и овие двајца млади фудбалери на Брегалница.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе