Градежна офанзива во штипско Ново Село

Локалната штипска власт тргна во градежна офанзива за урбано средување на делови од легендарното штипско Ново село. Се уредува дворното место на ПУ „Ванчо Прќе“ и клон „Росица“ на градинката „Вера Циривири Трена“, со тоа што се врши расчистување на теренот со палнирање и валирање.

-Предвидено е за десет работни дена да се изгради плато и пристапна патека од павер елементи со вкупна површина од 150 m2. Тоа ќе придонесе за подобар визуелен лик на ова дворно место, но и поголема безбедност на децата, на родителите и на наставниците коишто работат овде. За оваа активност обезбедени се 200.000 денари од буџетот на Општина Штип, а истата ја реализира  ЈП „Стипион 2011“, рече градоначалникот Благој Бочварски.

12Освен уредувањето на дворното место на подрачното училиште, во населбата Ново село деновиве се реализираат и други активности поврзани со уредување на речното корито на река Брегалница од страна на екипите на ЈП „Исар“.

-Пред неколку години во повеќе наврати се случуваше овој дел да се поплави заради немарност и неодржување на коритото на реката, така што со ова уредување се работи не само на естетскиот изглед на коритото, туку и на безбедносните димензии за жителите и објектите во овој дел од градот, посочи Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе