Дали Анѓелка ќе биде македонската Колинда?

Штип, 24.12.2018

Анѓелка Пеева Лауренчиќ, дама зад која стои супер успешна кариера, која петнаесет години е на чело на една од најголемите и најуспешни агенции за односи со јавноста „Имиџ ПР“ е можен кандидат за претседателка на Република Македонија. Ако предвидувањата се остварат и Анѓелка стане кандидатка, треба уште отсега да се каже дека таа има биографија која е референтна за успешно да се вклучи во трката за претседателка на нашата држава.

Тоа ќе биде нешто како нашата Колинда (Грабар Китарович, претседателка на Хрватска) и втора личност од Штип, која по Киро Глигоров (прв претседател на Република Македонија) ќе има можност да застане на врвот на македонската политика.

Според извори од ЛДП, чиј член Анѓелка е од денот на формирањето, таа ќе биде  кандидат за претседател од оваа партија само ако ЛДП на претседателските избори оди самостојно.

Анѓелка Пеева Лауреничиќ не е непознато лице во македонската политика. Беше успешен пратеник од ЛДП во периодот од 2002 до 2006 година, но последните дванаесет години се повлече од високата политика за да му се посвети на бизнисот.

„Ќе размислам за предлогот на мојата партија. Ќе имам домашни консултации, свесна сум дека мојата партија нема бројно членство но ако прифатам  кандидатура тоа би било само ако иамме општ народен консензус околу мојата кандидатура. Во секој случај до февруари, 2019 година има време за размисла и, евентуално за моја кандидатура“, изјави Пеева за нашиот портал istokpress.mk.

Пеева е мајка на две деца. Родена е во Штип во 1969 година. Во родниот град учеше во гимназијата „Славчо Стојменски“.

-Беше првенец на генерацијата, една неверојатна личност, преставуваше позитивен пример за сите, освојуваше со своето знаење, шармот и човечноста, вели директорот Ристо Петковски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе