Дали Општина Свети Николе работи на своја штета?

Свети Николе, 06.09.2019

Светиниколското ВМРО ДПМНЕ денес се јави со текст за, според него, скадалозни одлуки кои се донесувале од страна на Советот на Општина Свети Николе во текот на летниот период!

-На 19ти Јуни 2019 година, Советот ја менува веќе донесената програма за уредување на градежно земјиште на Општина Свети Николе, при што висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на фотонапонски централи, од 300 денари за 1м2, се намали на 30 денари за 1м2, доколку уредувањето на земјиштето го врши Владата. Според ова, а во согласност со Јавниот повик, општината наместо за давање под закуп на 52 хектари земјиште да инкасира 2,5 милиони евра, таа десеткратно си го намалува својот приход.

70246805_1709386685860020_295739104266551296_nАко земеме во предвид дека јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани е објавен од страна на Министерството за економија на 10 јуни 2019 година, а намалувањето на цените е после објавување на Јавниот повик од страна на владата, односно се менуваат условите додека трае повикот, тогаш се отвараат бројни прашања.

  • Дали на повидок имаме уште еден криминал на локалната и централната власт? И чии интереси се задоволуваат со оваа скандалозна Одлука на Советот на Општина Свети Николе?
  • Дали Владата, во соработка со Општина Свети Николе направиле зделка со која ќе се задоволат нечии конкретни интереси, а не потребите на граѓаните, прашуваат од опозициската партија.

Според светиниколските опозиционери ова не се инвестиции кои отвараат работни места и нудат бенефит на граѓаните, за да има било каква оправданост. Затоа тие ги повикуваат градоначалникот на Општина Свети Николе и заменик претседателот на Владата да одговорат на прашањата. Ова бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината како и зошто во нивно име се донесуваат вакви скандалозни одлуки!

Досега одговор од засегната – критикувана страна нема.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе