Да се знае – кое маало, мрсно јало! (Пред полноќ, по полноќ, каде да си – вечерва, на улица “130” да си!)

Во населбата “Радојца Новичич”,позната и како “Кај Црногорцине”, после неколкудневни подготовки, почна прославувањето на Стара Нова Година – Валисица, откако василичарите го запалија огинот.

По традиција, младите, но и постарите од оваа населба, се собираат на улицата “130”, на местото каде некогаш постоеше мала работилница за производство и печење цигли.

Маалското собирање во оваа населба отсекогаш го привлекуивало вниманието на охриѓани. Затоа и подготовките траат долго.

Најнапред се чисти теренот, се поставуваат маси, големи чадори, во случај на дожд и снег, забавата да не биде попречувана и да трае до долго во ноќта.

Годинава, подготовките значеа и набавка на триесетинха килограми месо и колбаси, два кубни метри огревно дрво, пиво,  вино и се останато за добра забава.

Денеска се подготвуваа скарите – вкупно 3, а месо и колбаси ќе се пече и директно на огинот.

Пред полноќ, по полноќ, каде да си – вечерва на улица “130” да си, е мотото на василичарите.

Нека им е за многу години!

26940694_10212823485154406_2008869547_n 26856959_10212823485314410_1557634356_n 26803800_10212823485394412_1027259510_n 26803692_10212823485194407_1067673424_n 26803459_10212823485234408_940522916_n 26794206_10212823485354411_2076665707_n

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе