Девојче со посебни потреби од Радовиш: имам желба да не се затвори Бучим, таткоми да не остане без работа!

Радовиш, 12.02.2018

Денес беше еден од најубавите денови во животот на лицата со посебни потреби во установата „Порака“ во Радовиш. Како и секоја година на овој ден тие беа посетени од Николајчо Николов, заменик генерален директор на рудникот Бучим, а по повод неговиот роденден. Николов ги почести штитениците со убава и слатка торта, а на секој од оваа установа му подари и по извесна сума пари. Нешто што тој го прави секоја година.

Средбата беше повеќе од трогателна. Сите го изгушкаа „Својот другар Николајчо“ и му подарија подароци, рачни изработки направени од нивните раце. Потоа некои од штитениците направија кафе за сите. Сепак, најинтересен беше еден детал кој ви го пренесуваме така како што се случи. На барањето секој да си каже каква желба има, еден од штитениците, Благица Богоева, чиј родител работи во рудникот Бучим, му се обрати на Николов со следниве зборови:

Имам голема желба да не се затвори рудникот и татко ми да не го отпуштите од работа!

Овие зборови на девојчето се како уметничка слика: во само една жеба содржани се илјада зборови кои девојчето ги адресира на сите оние кои покренаа кампања за затворање на македонските рудници. Тоа е одговор на бројните антирударски и антируднички кампањи кои се водат во државата при што не се поштедени ниту постојните рудници кои со успех работат и го одржуваат во кондиција градовите Радовиш, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка…

Нека читаат Наковци и Лилјани и и нека размислуваат!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе