ДЕЛЧЕВО: Вандализам врз споменикот на Никола Јонков Вапцаров

Делчево, 06.03.2023

Викендов во Делчево е извршен вандалски чин врз споменикот на поетот Никола Јонков Вапцаров. Споменикот се наоѓа во централното градско подрачје, пред Центарот за култура кој го носи името на овој голем поет. Споменикот ургентно е вратен во претходна состојба

Од постаментот е отстраната мермерната глава на поетот и е фрлена на земја.

Од Општина Делчево го осудија овој вандализам.

-Ова е вандалски акт на група пијани, млади луѓе, а нивните испади во последно време резултираат и со уништување на урбана опрема и, како и во овој случај, со вандализирање на споменици на значајни личности, рекоа од општината и го осудија овој чин.

Пред извесно време, пак во центарот на градот, беше украдена дел од оградата на новиот пешчаки мост ,,Гоце Делчев” на реката Брегалница.

-Апелираме уште еднаш до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетуваме дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема за што е предвидена мандатна казна за сторителите, додадоа од Општината.

Во насока на спречување на вандалството во Делчево, претходно Општина Делчево на неколку локации постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.

Камери се поставени и на Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“, а делчевци сметаат дека локалната власта снимките од истите треба јавно да ги прикаже на медиумите, зашто се смета дека тоа ќе биде  најефикасен лек против оние кои ги прават овие дејствија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе