ДЕЛЧЕВО: Верица Ѓеоргиева, првенец на генерацијата, меѓу 10 најдобри 8 се од женскиот пол!

Делчево, 27.05.2020

Верица Ѓеоргиева е прогласена за првенец на генерацијата 2016-2020 година во делчевската гимназија „М.М.Брицо“. Ова е одлуката на Комисијата составена од професори од училиштето која ценејќи ги постигнатите резултати и успех во досегашното образование, ги одбра најдобрите десет матуранти кои ќе добијат парична награда за постигнаиот успех од Општина Делчево.

За најдобри матуранти во СОУ „М.М.Брицо“ се прогласени:

1.Верица Ѓеоргиева

2.Евгенија Пандова

3.Михаела Маневска

4.Ангела Ефтимовска

5.Даниела Таковска

6.Ангела Васева

7.Моника Јовевска

8.Мирче Ѓеорѓиевски

9.Анастасија Димитровска

10.Леонид Петровски

Наместо традиционалната и планирана екскурзија низ Европа која е одложена поради актуелната состојба, десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево, ќе добијат парични награди од Буџетот на Општина Делчево за поддршка на млади таленти. Одлуката на предлог на градоначалникот Горан Трајковски ја усвои Советот на Општина Делчево, со што согласно Одлуката, десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево ќе добијат парична награда во износ од 20.000 денари.

Во очи паѓа фактот дека меѓу десетте најдобри средношколци во делчевската гимназија дури осум се од женски пол!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе