ДЕЛЧЕВО: Сатира, поезија, вера – недела мелем за душата

Делчево, 25.05.2019

Утре (недела, 26.05.2019) со почеток во 12,00 со читање на духовна поезија во дворот на цркавата Успение на Пресвета Богородица во Делчево, започнува богата уметничка програма на која ќе настапат поети и сатиричари од Македонија, Бугариј и Србија. Пред настапот учесниците ќе бидат гости на старешината на црквата ереј Николчо Воиновски, и од Архиерејскиот Намесник Протојереј Алаксандар Васев.

Во периодот до другата манифестација се планира да се издаде и книга со духовна поезија во која со свои песни ќе бидат застапени поети од повеќе земји од Балканот. Веќе за во 14,00 во Градскиот парк, кај езерцата во Делчево, ќе се одржи промоција на заедничката книга на поезија на поетите од поетската група Заеднички шепотења. Во оваа книга со избор на свои песни се застапени поети од Македонија, Бугарија, Србија, БИХ, Хрватска и Црна Гора, покрај нив со свои песни ќе се претстават и поети од Делчево.

Вредно е да се напомене дека за секоја наредна манифестација, ќе се прави промоција на нова книга на членовите од оваа поетска група. Потоа следува промоција на антологијата на афоризми „Трагачи по парадокси“, во рамките на оваа промоција со свои афоризми ќе се претстават неколку македонски сатиричари, исто така афоризми од книгата ќе читаат и поетите од поетската група Заеднички шепотења.

Третиот дел ќе се одвива во просториите на Манастирскиот комплекс Света Богородица Балаклија Делчево, каде своја изложба ќе има академскиот сликат Сокол Маркоски. Се планира оваа манифестација да биде традиционална и да се одржува секоја последна недела од месец мај.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе