ДЕЛЧЕВО: Тетовска фирма ќе го гради градскиот пазар во Делчево

Делчево, 29.09.2020

По спроведена јавна набавка, Општина Делчево склучи Договор за изградба на градски зелен пазар-прва фаза со економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ Тетово.

Вредноста на Договорот изнесува 14.994.968,20 денари без вклучен ДДВ, односно 17.694.062,48 денари со вклучен ДДВ. Средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Северна Македонија во износ од 7.000.000,00 денари и од Буџетот на Општина Делчево износ од 7.994.968,00 денари..

Економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ Тетово  се обврзува да го изврши (изгради) предметот на Договорот во рок од 12 (дванаесет) месеци сметано од денот на потпишување на Договорот за јавна набавка.

Изградбата на градскиот пазар е капитален проект за Делчево кој ќе донесе современи услови и за продавачите и за купувачите, но и овој дел на градот ќе добие современ урбан изглед, а воедно, ова урбанистичко решение ќе овозможи да се создадат атрактивни локации за нови градби.

Во првата фаза на реализација се предвидува изградба на отворен-затворен градски пазар  во Делчево со продажен простор за земјоделски и други стоки (покриен со кровна конструкција), простории од затворен тип за продажба и услуга на производи со разна намена, администрација, помошен дел, санитарии. Градскиот пазар е предвидено да се гради на површина на  градежна парцела

11.599 м2 и површина за градење-  6.944 м2, решението на парцелата дава можност за етапно градење со нагласок на прва фаза – отворен и затворен градски пазар со придружни содржини и ќе опфаќа површина од 2.500- 3.000 м2 од вкупната површина за градење.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе