ДЕЛЧЕВО: Утре се отвора четврттата бензинска пумпа овојпат на „Oil De“

Делчево, 19.03.2021

Утре, сабота, 20 март 2021 година во Делчево започнува со работа OIL DE една од најмодерните бензински пумпи во регионот и пошироко.

Oil De e лоцирана на исклучително добра локација, на крстосницата на излезот од Делчево, од која еден крак води кон граничниот премин со Бугарија, а другиот крак кон Пехчево и Берово.

Од Oil De информираат дека нивната бензинска пума ќе работи 24/7, и дека на возачите им нуди исклучително гориво од Шел, какво што нема на ниту една друга бензинска пумпа во Источниот регион.

Oil Del на сите возачи кои ќе застанат да наточат гориво и малку да одморат им гарантира највкусно кафе но и најширок асортиман на производи за широка потрошувачка.

До овој момент во Делчево имаше три бензински пумпи – две на Макпетрол и една на Дади Компани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе