ДЕЛЧЕВО: Ѓоргијоски со книга избор афоризми во Бугарија

Делчево, 22.04.2020

Познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски, деновиве ја издаде првата книга со избрани афоризми од македонски автори издадена во соседна Бугарија.

94213610_234478314305418_4988148384482197504_n-На 190 страници колку што има книгата објавени се 1555 афоризми. Изброто и преводот на афоризмите е на познатиот бугарски писател и сатиричар Валентин Димитров, вели Ѓоргијоски.

Илустрациите во книгата се од масјторската работилница на нашиот карикатурист Миро Георгиевски, а портретот на авторот кој е поместен на задната корица е од Владимир Голуб од Русија.

Лектор и коректор е Светлана Карагеориева.

Ова  е 15 авторска книга на овој автор. Миле Ѓоргијоски досега има приредено 15 алманаси и збирки на афоризми.

                                                                                                                        (и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе