Дејан Азески: “Волшебното самарче” е капитално дело на детската литература

Охрид, 19 јуни 2019

Учесниците на Првиот  Балкански детско – младински  Поетски камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019”, денешниот ден, го минаа во селото Црвена Вода, родното место на родоначалникот на македонското книжевно творештво за деца и млади, Ванчо Николески. Пред родната куќа на Николески, младите автори од повеќе земји на Балканот, коваа нови стихови, но и другаруваа со мештаните на селото.

a01_450x600Највозрасните им евоцираа сеќавања од младите години на големиот автор, додека домаќинките им подготвија селски ручек, со познати специјалитети на народната кујна, карактеристични за регионот на Дебрца. Дејан Азески, правнукот на јунакот од “Волшебното Самарче” – Трајче Трајчески, беше посебно инспириран:

a02_800x600– Ванчо Николески има посебно место во колективното сеќавање на моето семејство. Убаво се сеќавам дека јас и мојата сестра како уште не-почнати првооделенци на памет ги знаевме сите 48 строфи од неговото епохално дело “Глувчето Мице”. И токму за тоа наше знаење и двајцата ги добивме првите петки. Растевме со анегдотите за овој, можеби не најголем, но, во секој случај, најобожаван македонски писател кој со својата генијалност во делот на римата беше нанадмината и обврзна лектира за учениците од  поранешната заедничка држава, Југославија и пошироко. “Волшебното самарче” и ден денес го сметаме за најголем споменик и еден вид музеј, штој некој го иѕидал за нашето семејство, свесни и за поширокото значење на ова капитално дело кои има направено повеќе во промоцијата на партизанското движење од милионски платените, високо буџетни филмови “Сутјеска” и Неретва”. Затоа од се срце ја подржуваме идејата за организирање на ваква манифестација, им честитаме на организаторите на оригиналноста и преданоста и повикуваме и посакуваме истата да стане традиционална и да се организира секоја година – нагласи Дејан Азески.

a03_800x600Манифестацијата завршува утре претпладне со прием кај директорката на НУ Библиотека “Григор Прличев” во Охрид, Гордана Змејкоска, која ќе им ги претстави оригиналните, најрани дела на Николески, печатени веднаш после ослободувањето на земјата, по Втората светска војна.

Организатор на маниестацијата, е Здружението за култура и литература “Мацково”, од Охрид, во соработка со општините Охрид, Дебрца и Вевчани, како и со финасиска поддршка на Министерството за култура, спонзори и помагатели.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе