Директорот Вратеовски задоволен од нивото на културата лиферувана од Центарот за култура

Штип, 06.07.2017

  • Пред десет години во Центарот работеа 28, а денес ги има 53 лица. Од нив 16 беа дојдени од Македонија пат па не се знае што добро тие луѓе можеле да (с)работат за културата во Штип…

„Задоволен сум од оствареното во културата за време на мојот мандат како и за изминатите шест месеци од тековната година“. Ова, на прес конферецнија, го изјави Миле Вратеовски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Вратеовски беше и самокритичен па рече дека тие не го обезбедиле потребното квантитативно ниво на културни настани. –„Штип треба и мора да има поголем број  на театарски премиери како и на други настани од областа на културата, но секогаш сме лимитирани од финансиските можности. Сепак, нашиот театар мора да понуди повеќе премиери зашто Штип не е некој голем град, а тукашната театарска публика брзо ги дегустрира новите претстави“, посочи Вратеовски.

Од една манифестација „Во чест на поетот“
Од една манифестација „Во чест на поетот“

Тој се пофали дека по период од цели девет години Театарот донел три големи признанија од фестивалот „Војдан Чернодрински“ , сите три за претставата Лазаревото писмо. Претходно, на театарски фестивал во Црна Гора, ШНТ освоил две награди за режија како и највердната награда „Гран при“..

„Последната претстава „Ричард Трети“ од Шекспир беше голем предизвик како за сите учесници во неа така и за публиката која желно ја очекуваше премиерата. Од тоа на каков прием наиде таа кај публиката, можам слободно да констатирам дека сме создале значајно театарско остварување кое му служи на чест на нашиот Театар но и на целиот Центар за култура“, рече Вратеовски. Тој потенцира дека на „Шекспир фестивалот“ во Битола актерите дури четирипати биле враќани на сцената зашто тоа го барала одушевената публика.  Со претставата „Отворач за конзерви“ ШНТ гостувал во ХНК во Сплит и Вараждин, а овие денови ќе биде учесник и на фестивалот „Актерот на Европа“ кој ќе се одржи во Ресен.

Во исто време во Домот на култура имало повеќе културни настани, мрѓу кои најрепрезентативна е манифестацијата „Во чест на поетот“ кој се одржува во спомен собата на поетот и револуционер Ацо Шопов.

Запрашан да го коментира фактот дека пред десет години во Центарот имало помалку од 30 вработени, а денес се 53, и дали тоа финансиски не ја оптоварува најзначајната културна институција во Штип, град кој во 2004 година беше Град на културата, Вратеовски појасни дека тој наследил 55 вработени, а во меѓувреме двајца си заминале…На прашањето пак зошто од Македонија пат во Центарот за култура преминаа 16 лица, и што корисно тие работат таму, Вратеовски појасни дека тие лица биле примени пред тој да стане директор и дека тој само се обидел на секого да му најде работа согласно неговите квалификации.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе