Дождот ги разоткри импровизациите на Захариев

Штип, 23.05.2017

Не се знае дали и колкави штети има од поројниот дожд кој проследен со грмотевици во предвечерните часови го зафати Штип и околината, но се знае дека тој ги откри сите импровизации во градбите на главниот штипски архитект, урбанист, надзорник и инвеститор, градоначалникот Илчо Захариев.

18699987_1405696659497311_6483322753663131720_n            Иако бројни стручњаци укажуваа на фактот дека не се става асфалт врз коцка, односно дека не се асфалтира улица без предходна темелна подготовка, нашиот Илчо Нарцис Захариев постапи спротивно од стручните укажувања. Брзајќи да асфалира (излакира) што поголем број улици во градот, Илчо фрли тенок слој асфалт врз старата градска коцка, а постави и асфалт врз асфалт. Нешто посилниот дожд од многу улици направи нови штипски руини, па излезе дека Илчо џабе потрошил стотици илјади, а можеби и милиони евра народни пари на нашето што пропаѓа при првото поголемо невреме.

18620446_1752217668127499_7742851201075842657_nНа есен ќе имаме нови локални избори. Кој и да дојде за нова локална власт прва задача ќе мора да му биде да изврши темелна ревизија на работата на Илчо. Убедени сме дека ќе се откријат мал милион интересни работи кои ќе ни дадат одговор на прашањето дали Захариев џабе трошел милиони евра само за да остави впечаток на посветен градител…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе