Д-р САШКО НИКОЛОВ: Во Штип секој граѓанин ќе има кров над глава

Штип, 01.12.2020

Д-р Сашко Николов, кандидат за градоначалник на Штип од СДСМ и коалицијата и денес, преку прес конференција се обрати на штипската јавност.

-Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам во интерес и со грижа за сите граѓани. Штип заслужува да биде во сигурни раце, да биде безбеден град во кој секој граѓанин ќе има кров над глава и топол дом, рече Николов и продолжи:

-Продолжуваме да работиме врз принципите на социјална правичност и еднаквост.

Според приоритетите на граѓаните ќе продолжиме да градиме одговорно, квалитетно и домаќински.

Еден од приоритетните проекти во нашата програма е предвидена  реализацијата на 100 типски куќи во населбата Света Недела.

Со ова ќе им помогнеме и ќе го решиме проблемот на  социјално загрозените семејства, кои со години живеат во нелегализирани градби во субстнандардни и нехумани услови.

Ова значи нов топол дом за нашите граѓани на кои им се решава животното прашање. Штип ќе победи тогаш кога квалитетот на живот ќе биде еднаков за сите.

Кон тоа се стремиме.

Еднаквост и подобри услови на живот за сите.

Штип заслужува да биде топол дом на сите!

Штип ќе биде  во сигурни раце, поентираше Николов на денешниот прес.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе